Млад скопјанец добил срцев удар откако го прележал коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Февруари, 2021
26-годишен скопјанец добил срцев удар откако го прележал коронавирусот, а за да му го спасат животот, лекарите морале да му вградат стент, изјави за Алфа интернистот доктор Владимир Ристовски.
Тој вели дека ова не е единствен случај на млад човек да добие сериозни компликации откако го прележал ковид-19, бидејќи, како што вели, уште двајца млади луѓе под 30 години биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ со пост ковид компликации, иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави.
Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 305 нови случаи на коронавирус, а 11 починаа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.