18 Декември, 2025
0.0555

МЛАДИ РЕВИЗОРИ ЌЕ ЗЕМААТ „ПОМЛАДА“ ПЛАТА - огласи за три вработувања во Државниот завод за ревизија, еве колку е почетниот износ

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2022 07:25

Добивај вести на Viber

За прв пат после подолг период, со кадар се зајакнува и Државниот завод за ревизија.

Државната институција која ги „чешла“ книгите на државните институции и првично лови дали тие законски или незаконски ги трошеле државните пари, вработува тројца нови помлади ревизори.

За економија, за образование и за култура, и за политички партии - тоа се областите кои ќе ги истражуваат новите помлади ревизори, кои треба да бидат примени во Државниот завод за ревизија.

Но, она што е можеби изненадувачки, е што почетната плата која се нуди за овие три работни места на огласите распишани преку Агенцијата за администрација, не е премногу висока, односно изнесува едвај нешто над 33 илјади денари.

Веројатно станува збор за почетна плата на младите ревизори, бидејќи не е тајна дека „сениорите“ земаат далеку повисоки примања, а според информациите, се движат некаде од 1.000 евра па нагоре.

Инаку, државните ревизори се една од клучните алки во борбата против корупцијата и криминалот во државните органи, до темел проверувајќи ги нивните извештаи, и откривајќи дали има незаконитости во нивното работење, а особено во финансискиот дел. Извештаите на ревизорите се основа за Јавното обвинителство и за другите органи на прогонот да гонат случаи на криминал и корупција во државната управа.

Помлад ревизор за ревизија на субјекти од областа на економијата, сообраќајот и комуникациите, е првиот кадар кој се бара преку огласот на Агенцијата за администрација. Условот што тој треба да го исполни е да има завршено Економски или Правен факултет или за јавна управа и администрација, а може но и не мора да има работно искуство во струката.

Неговиот просечен износ на нето платата ќе изнесува 33.262 денари, а предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за годинава се тој да биде Македонец според етничката припадност.

Вториот кадар кој се прима е помлад ревизор за ревизија на субјекти од областа на образованието и културата. Тој треба да има исто образование, значи економски или правни наули и јавна управа и администрација, со или без работно искуство во струката. И тој треба да биде Македонец, а ќе зема иста плата како и неговиот претходник.

И конечно, политичките партии ќе ги чешла помладиот ревизор за ревизија на политичките партии, кој треба да го има истиот тип на високо образование, значи да биде економист или правник, или за јавна управа и администрација, а може но и не мора да има работно искуство во струката. Платата е 33.262 денари, а по националност и овој кадар треба да биде Македонец.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината