МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ „КИНИСАА“ НА РАБОТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ - само во април бројот на невработени намален за над две илјади лица
Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024 08:20
Ако во неколкуте месеци до март годинава имавме благо зголемување на бројот на невработени лица, март, а особено април, донесоа посериозни промени во надолна линија.
Односно, Агенцијата за вработување повторно регистрира намалување на бројот на невработени лица, и тоа, за прилично значајна бројка.
Па така, ако на крајот на февруари Агенцијата за вработување регистрирала 106.618 невработени, на крајот на март имаме намалување до 105.844 лица кои активно бараат работа, што значи за еден месец, март, бројот на невработени се намалил за 774 лица.
А, веќе во април има уште позначајно намалување на лицата кои активно бараат работа, и тоа за 2.068 невработени, па така, на крајот на април, нивниот број се свел на 103.767 лица.
Во април се намалил и бројот и на другите лица кои бараат работа, како што ги класифицира Агенцијата за вработување. Тие на крајот на април биле 46.755, или кај нив намалувањето е за 697.
Веќе станува јасно дека бројот на невработени се намалува поради големиот бран на иселување кој ја зафаќа земјава, но и поради заминувањето на нашите луѓе, а особено млади, на работа во странски земји.
А, ако во април веќе имаме над две илјади нововработени или иселени, се поставува прашањето колку ќе заминат на работа во мај, јуни, јули и август, со оглед на големиот недостиг на работна сила во Хрватска.
Имено, во Хрватска се бара работник повеќе во туризмот, а многу наши млади луѓе веќе имаат добиено сериозни понуди да работат во претстојните месеци на хрватското крајбрежје, каде се нудат пристојни плати, но и одлични услови за работа.
Неиодамна и Државниот завод за статистика објави дека невработеноста во Македонија во првиот квартал спаднала на 12,9 отсто.
„Според објавените податоци, во овој период евидентирани се 788.909 лица како активно население од кои 687.351 се вработени, а 101.558 невработени“, соопшти ДЗС.
За споредба, за минатата година, стапката на невработеноста била благо над 13 проценти.
Активното население во Македонија изнесува 791.647 лица, од кои вработени се 688.296, а 103.351 лице е невработено, изјавија од ДЗС.
Стапката на активност во овој период е 52,3 отсто, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност изнесува 13,1 процент - соопштија од ДЗС.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




