Младите Македонци тешко се делат од родителскиот скут
Објавено во: Економија 19 Декември, 2018 07:00
Во Македонија, 83 отсто од младите луѓе на возраст од 16 до 29 години живеат со своите родители. Овој удел е многу поголем кај младите мажи и изнесува завидни 96,6 отсто, додека кај девојките е само 68,5 отсто, што се должи на напуштањето на родителскиот дом поради мажачка.
Европскиот просек на млади луѓе на оваа возраст кои се уште живеат под ист кров со родителите изнесува 68,2 отсто. Според полот, податците на Евростат покажуваат дека 73,3 отсто од европските момчиња живеат со родителите, додека кај младите жени процентот изнесува 62,9 отсто, односно разлика од 10,4 процентни поени.
Според социологот Илија Ацевски, покрај неповолната економската ситуација во земјава, големо влијание за доцното осамостојување на младите луѓе има и психолошкиот момент, односно традиционалната матрица на македонските родители, кои повеќе сакаат децата да им се блиску до дома отколку да се борат за своето место во реалниот свет.

Според Евростат, во секоја земја-членка на ЕУ, процентот на млади жени кои живеат во родителскиот дом е помал од оној кај младите мажи. Најголеми разлики помеѓу половите се забележани во Бугарија (19,3 п.п.) и Романија (17,2 п.п.), додека најниски беа забележани во Шпанија (5,7 п.п.), Шведска (4,7 п.п.) и Малта (4,6 п.п.).
Најголем дел од младите мажи што живеат со нивните родители се регистрирани во Хрватска (93,1 отсто), Словачка (89,2 отсто), Италија (88,3 отсто) и Малта (87 отсто), додека за млади жени најголеми удели се регистрирани во Малта (82,4 отсто) и Хрватска (82,3 отсто). Најниските проценти за двата пола биле забележани во Финска (40,8 отсто за млади мажи и 30,1 отсто за млади жени) и Данска (39,5 отсто за млади мажи и 31,9 отсто за млади жени).
Инаку, во Бугарија уделот на млади луѓе кои се уште не се одвоиле од родителскиот скут изнесува 73,1 отсто, Грција 82 отсто, Хрватска 87,8 отсто, во Србија 79,5 отсто, а во Словенија 89,3 отсто.
М.Б.
фото: onedio.ru
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




