20 Декември, 2025
0.0444

Младите не ги знаат нивните права и обврските на работодавачите при вработување

Објавено во: Економија 17 Април, 2013 13:51

Добивај вести на Viber

Најголем дел од младите не би прифатиле работа без договор за вработување и знаат дека за да работат мора да бидат пријавени, но не се информирани за агенциите за привремено вработување и не се запознаени со Законот за работни односи, покажува анкетата на министерствата за труд и социјана политика и за образование и наука.

Во анкетата се опфатени 14.080 ученици од трета и четврта година од средните стручни училишта од цела држава во рамки на проектот „Одбиј работа на црно!“.

Имплементацијата на проектот, како што најавија денеска на прес-конференција, министрите труд и социјана политика и за образование и наука Спиро Ристовски и Панче Кралев ќе продолжи и ќе ги опфати новите генерации од трета и четврта година. Проектот ќе продолжи да се реализира од следната недела до крајот на мај, а преку него младите потенцијални работници ќе се едуцираат како да ги препознаат замките на сивата економија.

- Младите можат да ја препознаат сивата економија. Тие не би работеле на црно, бидејќи според нив тоа е несигурна работа и не е во согласност со законот. Свесни се и дека ако работат на црно нема да ги поседуваат сите права загарантирани со закон, подвлече Ристовски.

Тој смета дека со запознавањето на младите со основните права и обврски од работен однос, условите и начинот за засновање работен однос ќе влијае кај младите при нивното вклучување на пазарот на трудот и превентивно ќе делува да се намали бројот на млади ангажирани во сивата економија.

Министерот Кралев информира дека освен на учениците направени се обуки и кај наставниците и професорите, кои ќе продолжат да ги едуцираат и идните генерации.

- Со обуките им покажуваме на младите дека при вработување во нивен интерес е да бидат уредно пријавени, дека платата не е поважна од пријавувањето, односно во спротивно, најмногу губи работникот, а на негова сметка заштедуваат работодавачите. Преку проектот учениците се запознаваат со опасностите со кои ќе се соочат доколку во иднина некој им понуди работа на црно и ќе знаат кои се нивните права при вработувањето, додаде Кралев.

Најважно од се, според него, е да се охрабрат при вработувањето да побараат од работодавачот да бидат уредно пријавени и да бидат дел од легалната работна сила во земјава. Со тоа ќе добијат право на здравствено и пензиско осигурување, годишен одмор и редовна плата.

Проектот „Одбиј работа на црно!“ го спроведуваат министерствата за труд и социјана политика и за образование и наука Агенцијата за вработување на Република Македонија и Националната федерација на агенции за привремени вработувања. Со него беа опфатени 93 средни училишта од четири региони, Скопје, Битола Штип и Струмица

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба