Младоста на Форца Волеј ќе собира искуство во Полска
Објавено во: Стил 31 Мај, 2013 11:39
Тренерите Славков и Терзиевска во Полска го одведоа најдоброто од Академијата Форца Волеј, која е најголема одбојкарска школа во Македонија и во која во моментов тренираат 350 девојчиња на возраст од 8 до 18 години од кои во блиска иднина се очекува да бидат носители во екипата на шесткратниот државен првак, а со тоа и на македонската женска одбојкарска репрезентација. Младите одбојкарки ќе настапат првенствено да соберат интернационално искуство со цел да се добие реална слика за односот на силите и нивото на квалитет на кое се наоѓа подмладокот на македонската женска одбојка.
„Нашата цел е да стекнеме меѓународно натпреварувачко искуство, да оствариме непосредни контакти со повеќе школи разменувајќи ги различните методологии и техники на работа со подмладокот и да го измериме досега постигнатото ниво на најквалитетните избранички на Академијата. Ќе се обидеме да оствариме добар резултат, но пред се е важно да видиме до каде сме и во кој правец треба да продолжиме во иднина“, велат тренерите Славков и Терзиевска.
Во свото осумгодишно постоење, сениорките на Форца Волеј шест години по ред се шампионки на Македонија. Младинските категории, пак ,трофејот го освојуваат вкупно пет години од кои три пати по ред во последните години . Од вкупно три категории (младинки, пионерки и кадетки), првотимките на Форца Волеј, кои играат во категориите на кадети и пионери, се шампиони во последните две години последователно. Голем дел од сегашните првотимките на Форца Волеј потекнуваат токму од академијата, каде што континуирано се инвестира голем труд, знаење и работа а тоа секако се отсликува и на резултатите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





