17 Мај, 2024
0.1358

ММФ ќе ја спасува Украина со 17, 5 милијарди долари

Објавено во: Економија 11 Март, 2015

Добивај вести на Viber

17, 5 милијарди долари е сумата одобрена од Меѓународниот монетарен фонд, која ќе и се додели на Украина за справување со кризата во период од 4 години, ова го соопштила претседателката на ММФ, Кристин Лагард, пренесуваат агенциите.

„Овој нов 4-годишен продолжен режим ќе ја поддржи непосредно економската стабилизација во Украина и сет од комплексни и далекусежни реформи во политиката. Тие се насочени кон обновување на одржлив раст на среднорочен план и подобрување на животниот стандард на украинскиот народ“, изјавила Лагард.

За помалку од една година ова е втор обид украинската економија да биде спасена од пропаст. Во изјавата на шефицата на ММФ Кристин Лагард не се наведува големината на првата транша за Киев, ниту кога ќе биде доставен.

Се очекува кредитот на Фондот да биде проследен со заеми од други донатори. Вкупниот обем на финансиската помош за земјата треба да достигне 40 милијарди долари, додека останатите средства ќе бидат обезбедени од Европската унија, одделни земји-членки и од приватни инвеститори.

Во април ММФ објави програма за доделување на заем од 17 милијарди евра,  од нив Украина доби 4.5 милијарди долари.

На почетокот на минатата година, долгот на Украина беше 40 отсто од БДП, а на крајот на годината дојде 60 проценти од БДП поради воената криза.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА