19 Декември, 2025
0.0448

ММФ: Македонија губи 20 отсто од ДДВ приходите

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2019 07:02

Добивај вести на Viber

Македонија не собира од 15 до 25 отсто од потенцијалните даночни приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ), стои во посебна анализа за овој данок во последниот извештај што го објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Македонија. Во извештајот пишува дека нема официјални податоци, но дека по груба проценка во системот се губи ДДВ во сума која е од 1 до 2 проценти од БДП. ММФ смета Македонија собира помалку од ДДВ споредено со земјите од регионот и поради тоа што има ниски стапки на данокот, но и низа ослободувања за одредени производи. Сепак неефикасноста во наплатaта ја лоцираат во ограничувањата и капацитетот на даночната администрација особено во контролата. Се препорачува системот на контрола да се врши со електронски избор.

„Треба да се спроведуваат добро насочени даночни контроли и да се ограничат активностите кои не се пријавени. До сега процентот на утврдени неправилности во вкупните ревизии на Управата за јавни приходи е низок што укажува на тоа дека е неефикасна селекцијата на субјектите за ревизија. Новиот ИТ избор на компании кои ќе се контролираат се очекува да доведе до извесно подобрување, пишува во извештајот.

ММФ соопштува дека УЈП нема доволно кадар и капацитет за да се зголеми ефикасноста, а дека досега оваа институција имала обврски и кои не се даночни.

Павле Гацов, даночен експерт, за Фактор вели дека нема точни бројки затоа колку ДДВ може да се собере, а се губи. Како и другите и ММФ прави проценки, кои не се секогаш најточни до крај. И тој и ММФ сметаат дека сиватa економија е основа на изгубената можност да се наплати ДДВ по сите основи и на секој промет. 


Државата најави дека од средината на оваа година ќе почне проект за поврат на ДДВ за граѓаните, што значи дека граѓаните и сами ќе се најдат во улога на  контролори на издавањето на фискални сметки за направениот и наплетен промет.

„Суштинска причина за сеуште високиот процент на несобирање на потенцијалното ДДВ е сивата економија, но исто така и неиздавањето на фискални сметки, за секој оданочив промет. Кога не се издаваат фискални сметки, освен што не се наплатува ДДВ, се намалува и процентот на ненаплата и на останатите даночни приходи, данок на доход, данок на добивка, социјални придонеси.... Со добро устроен систем на поврат на ДДВ за граѓаните, освен бенефитот за самите граѓани, ќе се зголеми и наплатата на ДДВ во даночниот систем што пак ќе резултира и со зголемена наплата на другите даноци и социјални придонеси, ќе следи подобрување на финансиската ситуација на Фондот за ПИО, здравство итн. Треба да  следат и други паралелни измени на прописите, за наплатата да стане уште подобра, вели Гацов.

Директорката на Управата за јавни проходи Сања Лукаревска во интервју на Фактор на почетокот на месецов рече дека веќе одреден период се подготвува електронскиот систем преку којшто ќе се овозможи прецизна пресметка и навремен поврат на парите кај граѓаните, но и дека на ваков начин ќе се поттикне издавањето на фискалните сметки.

„Граѓаните на крајот на годината ќе добијат дел од парите коишто ги трошеле во текот на годината, но истовремено и ќе станат партнери на Управата за јавни приходи во контролите за спроведувањето на даночна дисциплина, посебно кај тие кои сега ја избегнуваат. Убедена сум дека на овој начин ќе се зголеми и издавањето на фискални сметки. Граѓаните ќе пазарат таму кадешто ќе им издаваат фискални сметки , а пак таму кадешто нема да им биде издадена, ќе инсистираат да добијат фискална сметка за производот штого купиле. Така да, граѓаните ќе бидат тие кои ќе го прават најголемиот притисок фирмите да работат законски, рече Лукаревска.

Не сокри сепак дека има според нивни анализи  некои тврдења има групи на инспектори кои наводно се на платен список на големи даночни обврзници.


„Имаме дојави и дека одредени даночни инспектори им ги работат завршните сметки и даночните биланси на некои големи фирми. А фирмите молчат. Дополнително, според некои сознанија, има одредени началници во инспекторатот којшто точно знаат на кој инспектор каков налог да му дадат. На пример, постојат фирми коишто месечно доставуваат пријави со нули и во еден месец поднесуваат барање за поврат. По извршена контрола инспекторот вели дека барањето за поврат е во ред и УЈП спроведува поврат на ДДВ. Сепак, за да има конкретни пријави, мора да заврши и анализата и овие дојави да се потврдат, рече Лукаревска.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии