Добивај вести на Viber
Словачка, доколку е потребно, би можела на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да му обезбеди билатерален заем со максимална висина од 1,56 милијарди евра.
Станува збор за иницијатива за зајакнување на капацитеот на Фондот за 200 милијарди евра, на која се обврзаа земјите на Европската унија уште во 2011 година.
Тоа, како што пренесува агенцијата Франс Прес, произлегува од предлогот за договор за заем меѓу Словачка и ММФ, кој го подготви Министерството за финансии.
Во вкупната сума, членките на еврозоната ќе учествуваат со 150 милијарди евра. Висината на придонесот на Словачка е пресметана врз основа на уделот во членските квоти на ММФ.
Одделот за финансии соопшти дека Фондот до почетокот на април оваа година склучил договори за билатерален заем со вкупна вредност од 138,86 милијарди евра, и тоа со Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Белгија, Финска и Матла.