17 Јануари, 2025
0.0288

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави деветта авиолинија во земјава. Како што рече на меѓународната конференција за бизнис дипломатија, се уште не може да каже јавно за што станува збор, но „дијаспората ќе биде многу среќна кога ќе слушне“.

Очекувањата на Николоски се дека пред нас е стабилна и исклучително успешна година со рекорден број странски инвестиции, како и дека земјава ќе биде „број еден во регионот“.

-Утрово имам потврда за деветта авиолинија, но се уште не можам да ја кажам јавно. Мислам дека нашата дијаспора ќе биде многу среќна кога ќе ја слушне. Како Влада во овие 6,5 месеци имаме девет нови авионски линии, а можам да најавам и почеток на реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, истакна Николоски.

Во обраќањето на конференцијата, тој се осврна и на останатите инфраструктурни проекти. Очекува, како што рече, до почетокот на летната сезона да бидат пушетни 40 километри од автопатот Охрид - Кичево, како и „многу убави вести во следниот период“ за брзата пруга на Коридорот 10 која треба да биде главниот крвоток на Македонија.

-Пред нас имаме стабилна година и мислам дека ќе биде исклучително успешна. Доколку во нашиот најголем трговски партнер, Германија, барем се стабилзиира состојбата ако не оди нагоре, во тој случај мислам дека ќе бидеме број еден во регионот. Тука, секако, најзначаен е бизнис секторот од кој очекуваме сериозна поддршка. Очекуваме и рекорден број странски инвестиции, независно дали од постојните или од нови. Досега отворивме 42 километра експресни патишта. Во следните три месеци очекувам отворање на уште десет километри, а до крајот на годината и да заврши целосното решение од главниот град до Прилеп или автопат или експресен пат. Моментно интензивно работиме на преку 150 километри автопатишта во државата, се гради Прилеп - Битола, Охрид - Кичево, популарната Стража, има тендер за Скопје - Блаце за конечно да се заврши и тој автопат, кон Косово, рече министерот. 


Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста