17 Јануари, 2025
0.0278

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Република Азербејџан за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г. Камил Касијев. На средбата беше разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји, со акцент на енергетиката како клучна област од заеднички интерес.

На средбата се разговараше за тековните активности на Македонија за зголемување на енергетската независност. Министерката Божиновска истакна дека земјата активно работи на создавање нови услови за снабдување со природен гас по конкурентни цени и е подготвена да ги истражи можностите за продлабочување на енергетската соработка со Азербејџан, кој се смета за значаен партнер во регионот.

Амбасадорот на Азербејџан ја потенцираше подготвеноста на неговата земја за продлабочување на соработката со Македонија, нагласувајќи дека државниот врв, вклучувајќи го министерот за енергетика и претседателот на Азербејџан, активно поддржуваат иницијативи во енергетскиот сектор.

Во текот на разговорите, беше изразена подготвеност за олеснување на директни контакти и средби на највисоко ниво, со цел реализација на проекти од заемен интерес. Дополнително, беше нагласено дека оваа година во Азербејџан ќе се одржат неколку значајни средби и форуми од областа на енергетиката, при што овие настани ќе претставуваат можност за зацврстување на соработката.

Средбата се надоврзува на неодамнешните активности за зајакнување на билатералната соработка. Во ноември минатата година, на Самитот за климатски промени КОП29 во Баку, министерката Божиновска и претседателката Гордана Сиљановска Давкова остварија средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој ја изрази подготвеноста на неговата земја за соработка на инфраструктурни проекти, особено во делот на гасификацијата на Македонија.

Дополнително, во истиот период, ЕСМ и СОКАР, државна компанија од Република Азербејџан, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се отвораат можности за подобрување на достапноста на природен гас и обезбедување стабилно снабдување по конкурентни цени.

Азербејџан игра значајна улога во енергетскиот сектор на регионот, со снабдување на природен гас преку различни интерконектори. Бугарија добива гас од Азербејџан преку интерконекторот со Грција, што значително ја менува енергетската карта на Европа. Србија, исто така, потпиша договори за снабдување со азербејџански гас, со планови за испорака на 400 милиони кубни метри гас годишно до 2026 година.

Министерството за енергетика останува посветено на градење партнерства со цел да обезбеди стабилност и одржливост во енергетскиот сектор, како во земјата, така и во регионот.


Можеби ќе ве интересира

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Никогаш не била подобра! Како Стопанска банка Битола го стегна ременот и стигна до добивка од 2,65 милиони евра?

Никогаш не била подобра! Како Стопанска банка Битола го стегна ременот и стигна до добивка од 2,65 милиони евра?