19 Декември, 2025
0.0399

ММФ: НАЈГОЛЕМА КРИЗА СО ХРАНА ОД 2008, Конфликтот во Украина ги наруши цените на прехрамбените производи и енергија

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2022 07:33

Добивај вести на Viber

Конфликтот во Украина го наруши транспортот на жито и вештачко ѓубриво и ја предизвика најтешката криза со храна од глобалната финансиска криза во 2007 и 2008 година, при што околу 345 милиони луѓе се соочуваат со недостиг опасен по живот, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Новната истражувачка анализа проценува дека 48-те земји кои се изложени на најголем ризик од недостиг на храна се соочуваат со комбинирано зголемување на увозните трошоци од 9 милијарди долари во 2022 и 2023 година поради ненадејното зголемување на цените на храната и вештачките ѓубрива откако Русија ја започна специјалната воена операција.

Ова ќе ги исцрпи резервите на многу населени земји и оние кои се погодени од конфликти, бидејќи тие веќе имаат финансиски проблеми поради пандемијата и зголемените цени на енергијата, според ММФ.

- Само во оваа година проценуваме дека на високо изложените земји им требаат седум милијарди долари за да им пружат помош на најсиромашните домаќинства - објавија директорката на ММФ Кристалина Георгиева и нејзините колеги.

Тие велат дека конфликтот ја влошил кризата со храна која расте од 2018 година, делумно поради интензивирањето на зачестеноста и јачината на климатските шокови и регионалните конфликти.

ММФ повика на брзо зголемување на хуманитарната помош преку Светската програма за храна и други организации, како и преку насочени фискални мерки во погодените земји за помош на сиромашните.

Во документот се забележува дека приоритет за владите треба да биде борбата против инфлацијата.

Во анализата, на која е потпишана и самата директорка Кристалина Георгиева се потенцира дека цените на храната се зголемуваат уште од 2018 година, дури и пред руската инвазија на Украина, поради зголемената фреквенција и сериозноста на климатските шокови, регионалните конфликти и пандемијата која го попречи производството и дистрибуцијата на храна и ги зголемуваа трошоците за хранење на луѓето и семејства.

Но, сепак, ситуацијата доби уште подраматичен пресврт со војната во Украина. Ова ги поттикна цените на храната и вештачките ѓубрива сè уште повисоко - им наштети на увозниците и поттикна неколку земји да воведат ограничувања за извозот.

Посочуваат оти оваа глобална криза со храна има неверојатно хуманитарно влијание и големи финансиски трошоци. 

Потребен е сеопфатен и добро координиран пристап за да се обезбеди максимална ефикасност во користењето на ресурсите. Заедно со Светската банка и нашите глобални партнери, неодамна објавивме втора заедничка изјава во која повикуваме на акција за глобалната несигурност на храната, се потенцира во анализата на ММФ.

- Сите ние мора да дејствуваме сега за да го олесниме страдањето на оние кои се соочуваат со глад, со поддршка на земјите кои преземаат силни политички активности со финансирањето што им е потребно - се завршните зборови во анализата на монетарците. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела