19 Декември, 2025
0.0400

ММФ: Потругалија мора да продолжи со мерките за штедење

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2013 13:35

Добивај вести на Viber

Краткорочните економски перспективи пред Португалија остануваат несигурни иако неодамна беше забележан напредок, соопштија од Меѓународниот монетарен фонд, повикувајќи ја земјата да се придржува на фискалните цели, додека започне јавната дебата за тоа како да биде распореден товарот на мерките за штедење, пренесоа светските агенции . ММФ ја објави ваквата оценка, откако во средата одобри 838,8 милиони евра од спасувачкиот финансиски пакет за земјата. Европската унија и ММФ одобрија спасувачка помош во вредност од 78 милијарди евра за Португалија во 2011 година. Според експертите на Фондот го нотира големиот напор на Португалија кој резултирал со значителен напредок во фискалната област и во спроведувањето на структурните реформи. Институцијата советува Португалија да најде баланс помеѓу фискалниот консолидирање и мерките за поддршка на растот, а истовремено бара широк консензус за намалување на социјалните трошоци. Политичкиот и социјалниот консензус можат да ослабат дополнително, што значи и дека ќе се поткопа способноста на владата да го одржува курсот на фискални приспособувања и структурна адаптација, предупредуваат од ММФ. Буџетските намалувања, извршени од страна на Владата, предизвикаа низа протести во Португалија, каде се гледаат како пречка за економијата и како причина за зголемувањето на сиромаштијата. ЕУ, ММФ и Европската централна банка сакаат Лисабон да го намали до 4,5% буџетскиот дефицит, кој достигна 5,6% од БДП во првите девет месеци од 2012 година.

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?