20 Декември, 2025
0.0770

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

Објавено во: Балкан 31 Август, 2024 12:14

Добивај вести на Viber

Од српското Министерство за надворешни работи(МНР) бараат меѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово. 

Бараат пријателите и партнерите во меѓународната заедница, како и меѓународните организации кои работат на Косово и Метохија, итно да го заштитат српскиот народ од теророт на властите во Приштина предводени од косовскиот премиер Албин Курти. 

Велат дека упадот на до заби вооружените припадници на специјалната полиција на Курти во институциите од кои зависи физичкиот опстанок на Србите во четири општини на северот на Косово и Метохија е врв на антисрпската, антицивилизациската и антиевропската политика на Приштина и претставува опасен чекор кон ескалација во најшироки размери.

Во него се додава дека „оние кои се на Косово и Метохија според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и се одговорни за безбедноста на сите граѓани на Косово и Метохија, не смеат да бидат неми набљудувачи на теророт што Курти го спроведува, уништувајќи ги шансите за компромисно и мирно решавање на проблемот во јужната српска покраина“.

Белград постојано повикува на мир и дијалог, а Приштина, бидејќи досега не е соодветно санкционирана поради перманетното уништување на дијалогот и насилството врз српскиот народ, прави се за да ја промени ситуацијата на терен до таа мера што дијалогот станува излишен.

„Последен момент е Курти да биде спречен да поттикне нови конфликти на Западен Балкан и да го заокружи планот за етничко чистење, што само во изминатата година и половина резултираше со иселување на 15 проценти од Србите од Косово, како што забележа Меѓународната кризна група“, соопштија од МНР.

Од српското МНР заклучија дејка „наместо насилството и самоволието на Курти, итно ни е потребна реафирмација и заживување на дијалогот, бидејќи политиката на Приштина не придонесува за мир и претставува тешки и опасни предизвици за сите одговорни актери во меѓународната заедница, бидејќи тоа е очигледна увертира за хуманитарна катастрофа и многу сериозна дестабилизација на регионот“.

Koсовската полиција направи акција на северот каде се затворени паралелните српски општини. 

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација