Мобилните телефони можат да предизвикаат тумор на мозокот
Објавено во: Стил 21 Мај, 2014 20:38
Личностите кои употребуваат мобилен телефон повеќе од 15 часа месечно, имаат зголемен ризик од добивање на најчестиот облик на тумор на мозокот.
„Нашиот заклучок е сличен како и во другите меѓународни студии, а сега треба научно да се утврди колкав е точно степенот на опасност од добивање на рак кај големите корисници на мобилните телефони“, рече авторката на студијата Изабела Балди, која го правеше ова истражување неколку години.
Екипата на научниците испитаа 253 случаи на заболени и здрави лица кои често употребуваат мобилен телефон. Заклучокот е дека заболените лица најчесто користат мобилни телефони додека останатите претежно носеле слушалки.
До сега најголемата студија за ракот и мобилниот телефон е направена во 2010 година во соработка со научници од 13 земји.
Тие утврдиле дека за 40 одсто е поголема опасноста од добивање на тумор кај лицата кои често употребуваат телефони и го држат на истото уво секој пат.
Глиома е најчестиот вид на тумор на мозокот кој е бенигнен, а во 30 одсто од случаите е малигнен и без терапија пациентот може да почине после три години.
Голем број од научниците сметаат дека постои поврзаност помеѓу добивањето на рак и честата употреба на мобилен телефон, препорачуваат употреба на слушалки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





