02 Мај, 2024
0.0238

Модерни млади мажи – новата цел на големите луксузни брендови

Објавено во: Стил 01 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Луксузната мода можеби ги менува улогите на полот и возраста. Во голем дел од светот во моментов повеќето атрактивни за компании како Burberry и Coach не се жените на средна возраст со кредитни лимити до небото, туку мажите, кои се малку над 20-годишна возраст, кои поседуваат паметни телефони и имаат проблеми со самодовербата. Барем оваа теорија ја откри неодамнешна студија на HSBC. Како што изгледа, иднината на трговијата на мало веќе поминува низ младите урбани мажи, пишува Business Week. "Метросексуалните, тоа клише од пред 20 години, сега се претвора во комерцијална реалност", тврди тимот на HSBC. Младите денес се држат до марките и штом можат да си ги дозволат, купуваат, додека постарите корисници, кои стојат поблиску до горната граница во социо-економската пирамида, немаат толку многу за докажување. Богатите често се чувствува уверени во својот костим за капење на Speedo. Тие немаат потреба од фалс ранец на Prada, за да остават свој белег врз светот. Но секогаш ли е било така? Очигледно не. HSBC забележува дека многу од мажите денес се женат подоцна за разлика од порано. Така, додека се на возраст меѓу 20 и 30 години имаат повеќе пари,  за разлика од мажите кои трошат за семејствата. Во обидот да ја импресионираат околните многу млади мажи се решаваат  и за последни модели на автомобили. Овие господа не само што имаат добри приходи, но благодарение на глобалниот маркетинг и медиумите не е им е потребно да се наоѓаат во епицентарот на луксузот, за да се запознаат со најновите модни трендови. Burberry пример ги емитува директно онлајн своите ревии и работи по план наречен "Customer 360", кој цели следење на навиките за купување на одделни луѓе од целиот свет. Студијата на HSBC покажува дека неколку луксузни брендови веќе прават значителни инвестиции, за да ги привлечат мажите. Од Burberry признаваат дека гледаат значителни можности за раст, благодарение на интересот на мажите од неразвиените пазари. Единствениот исклучок од овој тренд е кинескиот пазар, каде жените продолжуваат да стојат на челно место кога станува збор за висока мода. К.К.