05 Декември, 2025
0.0404

Модриќ прв играч кој ги одиграл сите седум натпревари на Светското првенство на возраст од 37+

Објавено во: Спорт 17 Декември, 2022 20:30

Добивај вести на Viber

Лука Модриќ играше на сите седум натпревари за Хрватска на Светското првенство 2022.

Триесет и седумгодишниот играч за врска се најде во почетниот состав на „коцкестите“ во денешниот меч со Мароко за третото место на Мундијалот во Катар.

Претходно, само голманите Питер Шилтон (1990) и Дино Ѕоф (1982) забележаа седум настапи на исто Светско првенство на возраст од 37+ години.

На тој начин, играчот од средниот ред на Реал Мадрид стана прв играч кој не е голман, кој играл на сите седум натпревари на турнирот на возраст од 37 или повеќе години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: