„МОЕТО КИДНАПИРАЊЕ ЈА ПОКАЖУВА ПАНИКАТА“: Мета вели „посилен сум од кога и да било“
Објавено во: Балкан 22 Октомври, 2024 08:29
Поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, во првата реакција по апсењето, од затворски притвор, порача дека е" посилен од кога и да било".
„Најискрено им благодарам на сите членови на Партијата на слободата за извонредната поддршка што ми ја дадоа досега. Исто така, од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис“, напиша на социјалните мрежи.
Убеден сум додаде тој, во победата на нашите национални и демократски каузи! На
непријателите на нашата нација и демократијата ќе им замрзне насмевката на усните.
„Моето денешно киднапирање на најнасилнички начин ја покажува паниката на диктаторскиот режим од соочување со вистините. Ве уверувам дека откако дознав за одлуката за моето апсење, се чувствувам посилно од било кога и уште повеќе верувам во мојата целосна невиност. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси“, напиша Мета.
Медиумите пренесоа дека во затворот во Тирана Мета го посетил неговиот син Бесар Мета и адвокатот Генц Ѓокутај, кој е адвокат и на Сали Бериша.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




