26 Април, 2024
0.0547

МОГЕРИНИ: Сега е моментот да се отворат пристапни преговори со Македонија и Албанија

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини вели дека за да се зајакне постигнатиот напред на Балканот, сега е моментот да се отворат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. 

„Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука“, изјави таа. 

Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч“ на Универзитетот Оксфорд, меѓу другото, Могерини потенцираше дека Унијата мора да се стабилизира и да го обедини сопствениот континент со внесувањето на Западен Балкан во ЕУ.

„Во последните години направивме значајни чекори, почнувајќи од договорот меѓу Грција и Северна Македонија, а важен напредок, и покрај тешкотиите, постигнат е и во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, истакна Могерини.

Таа оцени дека сите шест партнери во регионот спровеле клучни реформи и оти лидерите и народите од Западен Балкан станале свесни за важноста од меѓусебната соработка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот