05 Декември, 2025
0.1885

Молчи Молчи Љубов моја

Објавено во: Стил 07 Август, 2019 09:29

Добивај вести на Viber

Така ми викаше татко ми секогаш кога сакаше да ме закачне за нешто. Често знаеше да се збуни од некоја моја реакција, и оправдувањето му беше уметник е, ние смртниците не ја разбираме.

А инаку да, молчиме. Од оваа перспектива премногу. Молчиме пред вистина, молчиме пред партнери, пред семејство, пред пријатели. И најмногу пред себе.

Пред 4 години на враќање од Охрид, на 2 август, во 21.30 вечерта, јас и мојот тогаш партнер, имавме нездрава сообраќајна несреќа. 30 секунди пред да се случи ударот, мене нозете ми беа качени на шофершајбна, видов чудно големо нешто со црвени очи по пат и срипав за да изреагирам. Следеше ненормален удар во висок тротоар, со превртување со се на куп што гледаме по филмови. Во моментот на ударот загубив свест, следната слика на која се сеќавам е како висам надолу закачена со појас, и да од филмовите се сетив дека ќе мора сама да го откопчам за да може да ме извлечат. За да биде се' како на приказна, ме извлече доктор, млад дечко, дел од друштво со кое имавме понатаму неколку супер дружби.

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: