Молк на институциите за заканите на Тунески
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2020
Државните функционери многу често се изложени на критики и обвинувања за својата работа, а уште почесто на обвинувања за злоупотреби и незаконско работење.
Сепак, тие како државни избраници се задолжени да го докажат спротивното по законски пат без притоа да ја користат својата функција за вршење на влијание, заплашување и закани.
Неодамна членот на РКЕ, Атанаско Тунески, кој по соочување со одредени обвинувања од една енергетска компанија, на национална телевизија искажа закани кон истата.
Дали се овие постапки непрофесионални и недозволиви и нели треба да се санкционираат или да се испита вистинитоста на обвинувањата со кои се соочува овој државен функционер.
Инертноста на институциите и неадресирањето на оваа тема од страна на Владата уште повеќе испраќа погрешна слика кон граѓаните и останатите функционери.
Сето ова премолчување личи на одобрување на ваквото однесување и злоупотреба на позицијата која дава моќ на влијание.