18 Декември, 2025
0.0459

МОЛК ОД КАРФУР: Дали Македонија ќе биде фијаско за гигантот?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2015 09:33

Добивај вести на Viber

По информациите во јавноста дека супермаркетот “Карфур” ќе се затвори, сеуште нема официјална информација зошто полиците во маркетот се празни и дали се точни информациите дека супермаркетот повеќе нема да работи. Во бизнис круговите се шпекулира дека супермаркетот нема да се затвора. Дел коментираат дека можеби ќе го превзема друг ланец на грчки маркети. Дел од добавувачите на “Карфур” кои не сакаат јавно да зборуваат за Фактор велат дека маркетот веќе подолг период има проблем со наплатата поради што голем дел од добавувачите веќе зивесен период не носеле роба, а некои пак дури имале поднесено и тужби против “Карфур”. Дали маркетот ќе се затвора или ќе биде превземен од друг ланец, дали се соочува со финанскиски проблеми и застој во наплатата? Фактор за овие прашања побара став од менаџменот на “Карфур”, но и покрај ветувањата не добивме одговор. Инаку хипермаркетот “Карфур“, се простира на површина од 4.650 квадратни метри и е еден од најголемите во земјата. Почна со работа пред три години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“. На почетокот маркетот беше преполн со најразлична роба од домашни и странски брендови, понуди пристапни и ниски цени,  а на касите имаше редици од потрошувачи. Сега дел од рафтовите се комплетно празни. Полиците каде што се ставени производите што најмногу се трошат како сирење, сувомеснати производи, сокови, вода се речиси празни. На дел од рафтовите во најголема количина може да се забележат само производите пакувани под бреднот “Карфур”. Веќе извесен период рафотвите не се дополнуваат. Редиците на касите веќе ги нема, а граѓаните коментираат дека во маркетот не можат да се најдат ниту најобични производи, како на пример шише обична вода во мало паковање. Кој стои зад Карфур? “Карфур” е француски синџир на маркети, но сопственик на маркетот кој работи во Скопје  е грчката компанија “Маринопулос” која ги купи “Карфур” маркетите во Грција откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција. Под исто сопствеништво се и маркетите Карфур во регионот. Во јавноста се коментира дека во слична состојба како македонскиот се и дел од истите маркети во регионот. Пред извесен период бугарскиот интернет портал Paqk.eu (а како извор се посочува порталот Pik.bg, http://paqk.eu/?p=19415)  објави дека супермаркетот Карфур во Бугарија е на раб на банкрот. Во текстот на овој портал се посочува дека маркетот не им плаќал на добавувачите повеќе од две години,  но и дека причината не се знае. Порталот пренесува дека финансиските проблеми на Карфур се должат на балканската експанзија на франшизната грчка компанија компанија "Маринопулос",која е сопственик на правата на француската марка. Според пишувањата на бугарските портали тамошниот Каарфуф на добавувачите им должи околу 20 милиони лева. -Најверојатно привремените финансиски тешкотии на Карфур се должат на балканската експанзија на франшизната компанијата "Маринопулос", која е сопственик на правата на француската марка. Во јавноста се зборува дека финансиските тешкотии се резултат на купувањето на албанската синџир Euromax од Marinopoulos Group. Првите проблеми со финансиите на грчкиот претставник на Карфур почнаа уште во септември 2012 година.Тогаш некои од финансиските институции категорично одбиле плаќањето на трговците да се осигура од страна на францускиот ланец, наведува бугарскиот интернет портал. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји