20 Декември, 2025
0.0436

Молотов коктел: Даночните измами наспроти мерките за штедење во Европа

Објавено во: Свет 06 Април, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

Серијата скандали поврзани со политичкиот или економски официјален државен врв доведе до отпор и незадоволство на европските државјани кон елитата, особено во земјите подложени на строги мерки за штедење како што е на пример Италија. Во Франција, аферата за фискална проневера на поранешниот министер за буџет Џером Кахузак доведеува до појава на отфрлање на политичката елита во Европа,  стравува Еди Фугер, истражувач во Институтот за меѓународни и стратешки односи. „Зарем може граѓаните да не бидат шокирани или револтирани кога се открива дека државниот благајник студено ги игнорира напорите за штедење кои самиот тој ги бара од нив?“, прашува францускиот дневен весник Ле Монд. Ако ова непочитување досега во Франција се одрази првенствено во медиумите и при истражувањето на јавното мислење,  на југот од Европа, од друга страна, погодени од годините на строги мерки за штедење, бесот на лушето веќе избувна и на улиците. Во Италија, скандалите со проневера на пари се постојани ако се земе во предвид на судењето на Силвио Берлускони или пак огромната парична казна, која ќе мора да платат дизајнерите на Долче и Габана (343 милиони евра). Реакцијата на Италијанците се виде и на изборите во февруари, кога коалицијата „Движење 5“ што се бори против корупцијата и штедење, доби 25 отсто од гласовите. На Пиринејскиот  полуостров се нижат скандали кои предизвикуваат бес. „Во Шпанија никогаш не можело да се прости на оние кои ставаат нелегално пари во џеб, а кога тоа ќе се совпадне со периодот на општа криза, буди  многу непријателски чувства", анализира Емилио де Диего, професор по современа историја на Универзитетот во Мадрид. Народната партија ја тресат две истраги: едната се однесува на тајни сметки на партијата со кои, наводно, профитирал дури и шефот на владата, Маријано Рахој. Втората е наречена „Аферата Гуртел“ и ја труе десницата уште од 2009-та, бидејќи компании блиски до Народна партија се осонмничени дека плаќале провизија и нуделе мито за да ги добијат јавните набавки. Скандалите го потресоа и кралското семејство, бидејќи еден судија отвори истрага за проневера на милион евра јавни пари. Во Грција, илјадници демонстранти протестираат против „крадците“ пред парламентот. „Лагард листата" со околу 2.000 имиња на Грци кои имале сметка во една швајцарска банка, дополнително ги зовре страстите на народот. Но и земјите од северот на Европа не се поштедени. Во Белгија, на крајот на 2012 година, кралицата Фабиола (84) основаше "приватен фонд", кој беше разбран како начин на избегнување на обврските од наследството на кралското семејство. Во меѓувреме кралицата се откажа од предлогот, ама затоа Владата и го намали годишниот грант од 1,4 милиони евра, на околу 925 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја