Момче со нож се заканувало на лекар во Гостивар
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Момче ноќеска се заканувало со нож на лекар во гостиварската болница.
Во Ургентното одделение на Медицинскиот центар во Гостивар во 1.50 часот дошол Б.Х. (23) од село Градец со негов другар и од лекарите побарал да му се укаже лекарска помош на неговиот другар бидејќи бил пијан.
Откако лекарот Љ.С. (28) му кажал на пијаниот да го легне на креветите, Б.Х. почнал да го навредува и да му се заканува на докторот, а потоа извадил и нож. Откако ситуацијата се смирила, е повикана полиција.
Полициски службеници го пронашле ножот во просторија на МЦ Гостивар, а од Б.Х. била земена крв и урина. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.