09 Октомври, 2024
0.0351

МОМЧЕТО КОЕ ИСЧЕЗНА ПРЕД 6 ГОДИНИ ИМАШЕ САМО 3 РАБОТИ СО НЕГО! „Клопчето“ се одмотува, зад се стои секта?

Објавено во: Свет 17 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Момчето кое исчезна пред шест години имало само три работи со себе. Бабата рекла дека е можно мајка му и дедо му да го однеле во сектата.

Момчето кое исчезна пред шест години на семеен одмор во Шпанија се врати со семејството. Британецот Алекс Бити денес има 17 години, а исчезнал кога имал 11 години додека бил на одмор со својата мајка и дедо. Овој случај привлече огромно внимание кај јавноста ширум светот, бидејќи момчето исчезнало под мистериозни околности, а неговото враќање е уште понеобично.

Полицијата на Манчестер во саботата одржа прес-конференција поради огромниот јавен интерес за случајот. Беше објавено дека полицајците сè уште не разговарале со Алекс за неговото исчезнување, ниту за тоа што тој правел цели шест години.

„Важно е да разговараме со него со темпо што му одговара, за да можеме да го одредиме текот на случајот, но и евентуалната потреба од истрага. Алекс можеби е шест години постар од времето кога исчезна, но сепак е многу млад човек“, изјави Мет Бојл од полицијата во Манчестер.

Во 2017 година, Алекс беше на одмор со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид. Неговата мајка го изгубила родителското право, а за момчето се грижела неговата баба. Не е јасно како тој од Шпанија завршил во Франција и како точно ги поминал шесте години во кои недостасувал.

Медиумите пишуваа дека тинејџерот најверојатно ги поминал последните две години живеејќи во „духовна заедница“ во подножјето на француските Пиринеи со неговата мајка и дедо, заедно со уште десетина луѓе кои „веруваат во реинкарнација“. 

Кога неговиот дедо починал пред околу шест месеци, Алекс решил да ја напушти заедницата. Неговата мајка наводно му се „заканувала“ дека ќе се пресели во Финска. Момчето пешачело по планините четири дена и четири ноќи пред да го пронајде возач околу три часот наутро во средата.

„Отпрвин беше сомнителен, ми даде лажно име. Јасно беше дека му треба помош. Тој отиде со мене да им подели медицински материјали на жителите на едно село во руралното подножје на Пиринеите, а потоа се отвори и ми кажа дека е киднапиран, го натерав да го повтори тоа беше сосема луда ситуација“, изјави возачот за Франс прес.

Алекс бил ослабен и уморен, а носел само три работи - скејтборд, фенерче и ранец. Со себе имал сто евра и немал мобилен телефон.

Мајката на Алекс ги изгубила родителските права, наводно затоа што била во религиозна секта. Бабата станала законски старател, но тогаш нејзиниот поранешен сопруг и мајката на момчето сакале да го однесат Алекс на одмор. Бабата се согласила и момчето исчезнало.

„Верував дека моите бивши и ќерка го одведоа детето во странство откако паднаа во култен начин на живот“, изјави бабата Сузан Каруана за британските медиуми.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата