18 Декември, 2025
0.1648

Moody`s го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2013 10:15

Добивај вести на Viber

Меѓународната рејтинг агенција Moody `s го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за два поени - од " Ц " до " Caa3 " со прогноза " стабилна ". Од Moody `s наведуваат " значителното зајакнување на буџетот на Грција и подобрување на економските прогнози во среднорочна перспектива " . Се забележува и значително намалување на долгот на земјата . Според експертите влијание за зголемување на рејтингот имало и приближувањето на позициите за буџетот на Грција за 2014 година меѓу Атина и меѓународните кредитори . Грција очекува до јануари 2014 година сите спорни прашања со доверителите да бидат конечно расчистени. Сегашните противречности потекнуваат главно од неможноста за координација на планот за структурните реформи , без кои буџетот за 2014 година нема како да биде структуриран поради неисполнување на програмата за финансиска помош за буџетскиот дефицит. Атина објави дека има потреба од 1,3 милијарди долари , без кои тешко ќе може да го усвои буџетот за 2014 година. Токму оваа е сумата , околу која се обединија по взаемни отстапки грчката Влада и меѓународните кредитори за време на последниот круг преговори , спроведени овие денови во Атина. Аналитичарите очекуваат Грција да остане во рецесија и во 2014 година - седма година по ред , што значи дека без засилена финансиска поддршка земјата нема да може да помине.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии