19 Април, 2024
0.0278

Морално и духовно осиромашување

Објавено во: Колумни 14 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Богатството на еден човек не се мери и гледа низ призмата на неговата материјална состојба, бидејќи   парите се безвредни ако немаш со кого да ги споделиш, ако не те чинат доволно среќен и ако осамено ги трошиш, давајќи ги често пати за безпотребни нешта и на луѓе кои ти го валкаат грбот и образот. Богатството на еден човек го чини неговиот дух, неговата убост одвнатре, неговите вредности кои се вистински негови звезди водилки и кои му го постилаат патот на добри дела, неговото срце широко отворено да сподели добрина, неговиот чист и неизвалкан ум да сее мудрост.

Со растажено срце ги следам нивните обиди да го оправдаат насилството врз оние кои поинаку мислат од нив Овие мисли ми навираат деновиве, а се резултат на низа немили настани, на кои за жал сме сведоци, настани кои на површина ја изнедруваат човековата слабост и немоќ кон оние кои ја поседуваат општествената моќ, престиж и углед, немоќта гласно да се спротистават кон нешто кое и тие често пати не го одобруваат, немоќ во желбата да престанат да бидат изманипулирани. И можеби и тоа не е голем морален грев, но за тие луѓе правењето на нешта спротивни на вредностите на сопствената религија и разум значи неможност да се бориш со самиот себе. Внатрешниот судија-совеста, која не предупредува за секој морален прекршок, кај нив на моменти затајува, но на моменти толку силно удира со чеканчето за пресуда, што нивната фацијална експресија ни ја оддава нивната болка и внатрешна борба. Со растажено срце ги следам нивните обиди да го оправдаат насилството врз оние кои поинаку мислат од нив или се на другата страна од барикадите, немоќни се прво самите себе да се убедат, а потоа и останатите, дека тоа што го прават е добро, дека навредата и омаловажувањето се добри и правилни кога се насочени кон оние кои размислуваат поинаку, дека вербалното и физичко насилие и исполената агресија е продуктивна и насочена кон некое повисоко добро и некоја општествена позитивна цел. Со жалење ги следам и обидите да се оправдаат, да се искупат, да кажат дека нивните барања се однесуваат во склад со потребите што тие ги имаат во нивнaта општина, дека се за доброто на сите генерации и со усти полни со потенцирање на општите добра ги креваат рацете и замавнуваат кон другите, фрлаат предмет, камен, јајце, повредуваат и не размислуваат. Доброто постои како општо добро, не подразбира отстапки, условувања, наградувања-добро само по себе Колку се морално и духовно сиромашни овие луѓе? Дали нивниот морален дискурс го загубил компасот во ова сурово совремие? Дали вредностите, кои се животни патокази, кај нив го загубиле курсот и ориентацијата? Прашања на кои тешко може да се даде едноставна социолошка анализа. Доброто постои како општо добро, не подразбира отстапки, условувања, наградувања-добро само по себе. Ако христијанската доктрина и христијанската етика не учи на доброто и негово поимање и практицирање во секоја општествена ситуација, тогаш дали оние кои го практицираат лошото, антипод на доброто, ја урнисуваат директно сопствената религиска доктрина. Ако христијанските вредности, кои ја чинат сржта на таа религиска доктрина, се почитта, добродетелта, одговорноста, правичноста, вистинитоста-пред и над се, толеранцијата, дијалогот, дали занемарувањето на овие вредности од страна на верниците подразбира нивно непочитување и морално двојство. Дали религискиот и морален бон-тон,кој првенствено подразбира добра и убава мисла, добро и убаво дело секогаш и секаде, се изгуби во желбата за нечиј интерес и политиканско однесување. Дали не удираме директно кон врвниот морален законодавец, единствената морална безгрешна икона, кон кого треба со посебна почит да се однесуваме, ако се нарекуваме верници. Љубовта не позволува, љубовта не се срди...На вистината се радува... Морална и религиска хипокризија насекаде околу нас. Едно говорат, друго прават, а трето мислат. Ова што ни се случува е крајно деградирачко за оние вистинските верници и човекољубци, за оние чија совест е чиста, чие срце е отворено и полно со љубов за секој поинаков.  Се можеш да изгубиш и потоа да го вратиш на себесвојствен начин, само душата не. Ако таа ти се наполни со гнев, омраза и ја завијат црнила, тешко ќе ја исчистиш.Моралното и осиромашувувањето на духот се гледа токму низ овие примери, токму низ призмата на моралната и религиска хипокризија која ја гледаме, низ ликот и делата на оние кои чинат работи за кои некогаш ќе се каат, низ постапките на оние кои лесно маваат, плукаат, навредуваат и каменуваат, а тешко разбираат и простуваат. И во овие времиња-невремиња ќе ги замолам, посебно верниците, да го отворат Светото писмо Библија и да ја прочитаат песната над песните, оддатта за љубовта што Светиот Апостол Павле ја напишал и која во суштина вели дека и секое богатство што го имате, и сите мудрости што ги носите не ви се доволни ако љубов немате. Ако љубов немам ќе бидам бакер што звони или кимбел што ѕвечи....Љубовта не позволува, љубовта не се срди...На вистината се радува...И кога ќе останат трите нешта-љубовта, верата и надежта, најголема од нив е љубовта. Христијанската љубов нека ги води секогаш и секаде, бидејќи ако не постапуваат соодветно на моралната и религиска доктрина немаат право да го носат епитетот вистински верници. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет Скопје

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок