Морнарицата на САД нема пари за гориво за носачите на авиони
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2013 09:09
Заканата за прекин на финансирањето на американската армија доколку не биде постигнат договор за нивото на долг на САД почна да се одразува на борбената готовност.
Воената морнарица на САД најави дека го одложува предвиденото префрлање на носачот на авиони Абрахам Линколн во пристаништето Њупорт Њуз, каде овој брод треба да биде ремонтиран и наполнет со нуклеарно гориво.
- Одложувањето се должи на неизвесноста со законот за набавки за фискалната 2013 година, како во поглед на временските рокови, така и за средствата кои ќе бидат на располагање. Носачот ЦВН-72 ќе остане во воената база Норфолк, каде ќе продолжи неговото рутинско одржување додека да се обезбедат потребните финансиски средства за полнењето со гориво и ремонт, соопшти воената морнарица на САД во информација доставена до Конгресот.
Армијата предупредува дека, без гаранција дека ќе бидат обезбедени потребните финансиски средства, постои закана да се запрат и други проекти, како што е полнењето со гориво на носачот на авиони Џорџ Вашингтон и отстранувањето на нуклеарното гориво од пензионираниот носач Ентерпрајз.
Сите гранки на американската армија се ангажирани со правење планови за кратење на трошоците доколку не биде постигнат договор за нивото на долг.
Демократската и Републиканската партија се согласија да го одложат постигнувањето на договор за долгот, кој се искачи на 16,4 трилиони долари, до 1 март.
Доколку двете страни не се согласат да продолжи задолжувањето на САД, армијата е соочена со автоматско кратење на трошоците од околу 500 милијарди долари во текот на следните 10 години. Намалување на средствата за обука и вежби, одложување на набавката на нова опрема, па дури и повлекување на воената морнарица од некои делови на светските мориња, како што е областа на јужниот Атлантик, се некои од сценаријата кои се спомнуваат доколку вооружените сили на САД бидат принудени на стегање на ременот
Можеби ќе ве интересира
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација




