18 Декември, 2025
0.0469

Москва: Оланд го избра правецот кон намалување на напнатоста

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2015 20:01

Добивај вести на Viber

Претседателите на одборот за надворешна политика во Думата и Советот на федерацијата го поздравија денеска залагањето на францускиот претседател Франсоа Оланд за укинување на санкциите кон Русија, истакнувајќи дека тој се залага за „намалување на напнатоста“, ни и дека укинувањето на санкциите не треба да се поврзува со напредокот во решавањето на украинската криза. Претседателот на надворешнополитичкиот одбор на Думата, Алексеј Пушков, на неговиот профил на „Твитер“ напишал дека Оланд, за разлика од  германската канцеларка Ангела Меркел која ја изгубила улогата главен партнер на Москва во преговорите, ја избрал линијата за намалување на напнатостите помеѓу ЕУ и Русија, пренесува „Тасс“. Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања во Советот на федерацијата, Константин Косачов, го поздравил говорот на францускиот претседател, но изразил и разочарување што укинувањето на санкциите се поврзува со напредокот во решавањето на украинската криза. Косачов, исто така, ги повикал лидерите на ЕУ во однос на санкциите да се раководат од здрав разум а не од емоции. Според Косачов изјавата на Оланд не може да се смета како знак на раскол во политичката елита на ЕУ бидејќи „единствен фронт“, според него, никогаш и немало. Рускиот сенатор е уверен дека Брисел треба да ги послуша и гласовите што доаѓаат и од Унгарија, Словачка и Финска, кои од самиот почеток беа многу скептични кон воведувањето на санкции. „Напредокот во решавањето на украинската криза не зависи од позициите на Русија или некои други страни. Тој зависи од постапувањето, пристапот и позицијата на украинските власти“, рекол Косачов, повторувајќи дека украинската криза е „внатрешна“.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела