Мост ги повика граѓаните да се пријават за набљудување на изборите
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016
Вкупно 3 300 набљудувачи на цела територија ќе ангажира Граѓанската асоцијација МОСТ за следење на изборниот процес.
Токму за таа цел, денеска од МОСТ упатија повик до сите граѓани, да се пријават во 18те регионални канцеларии кои ќе бидат отворени од 10 до 18 часот, низ целата држава.
За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.
Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите додека предност имаат ние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.