МОЖЕ ДА ГЛАСАМЕ И ВО РАБОТЕН ДЕН: Партиите пак договараат датум за избори, да бидат меѓу 5 и 19 јули
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020
Се возобновиле меѓупартиските разговори за одржување на изборите.
Се бара компромис меѓу политичките опоненти за соодветен датум за одржување на предвремените парламентарни избори, се дознава од упатени извори.
Според сознанијата, всушност се бара компромис меѓу партиите за термините меѓу 5 и 19 јули, во кој би можело да се реализира изборното соочување.
Се дознава и дека изборите не би морале нужно да се реализираат во недела, како што е вообичаена практика во текот на сите изминати години, туку би можеле да се реализираат и во некој работен ден.
Како една од причините за ова се наведува и фактот што доколку изборите се во работен ден, граѓаните повеќе би излегле на гласање, наспроти доколку тие се во викенд, кога граѓаните би заминале од своите домови.
Но, за да се одржат изборите, ќе треба да се смири и состојбата со коронавирусот, а како што е познато, бројките во последниве денови не се наклонети, односно денеска беа регистрирани 125 новозаболени, и седум починати граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.