20 Декември, 2025
0.0536

Може ли електричните возила да ги стигнат автомобилите со дизел и бензин?

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022 07:19

Добивај вести на Viber

Електричните возила се иднината на автомобилската индустрија, но колку се ефикасни и корисни за обичниот потрошувач, ако се тргнат настрана еколошките придобивки. Додека во светски рамки е-возилата стануваат сѐ популарни, во Македонија има одвај стотина електрични автомобили.

За е-револуцијата на глобално ниво и како македонските возачи да фатат приклучок, разговаравме со Оливер Велковски, претседател на Здружението за промовирање на електрични возила - Електормобилност Скопје, кој вели дека  малиот интерес за електричните возила во нашата држава,покрај инфраструктурните недостатоци, се темели и на „непостоење на вистински политики и поддршка од централната власт“.

Колку далеку ќе стигнете со е-возило?

Според најновите анализи просечниот досег на електричните возила со едно полнење во струја на батеријата изнесува околу 350 километри. Тоа е под капацитетите на автомобилите со мотор на внатрешно согорување. Во просек еден автомобил со дизел или бензин може да достигне и над 600 километри со едно полнење на гориво во зависност од големината на резервоарот, но и ова се смета за голем напредок.

„Ако земеме во предвид дека опсегот на изминати километри со едно полнење на батериите на електричните возила порано беше доста ограничено на 100-150 км, последните неколку години гледаме возила со поголеми батериски капацитети и поголема ефикасност (помалку потрошени kwh за изминати 100 км), каде веќе имаме возила кои изминуваат по 300, 400 па кај одредени модели и повеќе од 500 км со едно полнење. Ова значи дека електричните автомобили може слободно да кажеме дека стануваат конкурентни на автомобилите со внатрешно согорување кога станува збор за изминати километри со едно полнење на резервоарот односно батериите“, вели Велковски.

Според рејтингот кој го направи специјализираниот веб сајт caranddriver.com, просечниот досег на електричните возила во последните пет години е зголемен за 44%. Сепак, има и електрични возила кои веќе имаат моќни батерии и унапредени системи на управување, па така со само едно полнење без престан може да поминат растојание од над 600 километри. Со тоа веќе „опасно“ се приближуваат до „дизелашите“ и „бензинците“.

„Глобалниот тренд на електромобилноста зема поголем замав во последните 7-8 години кога најголемите автомобилски брендови ги најавија своите долгорочни стратегии за развој и електрификација на своите нови модели. Некои од автомобилските гиганти најавија доста смели одлуки во насока на целосно прекинување на производството на возила со внатрешно согорување со главен акцент на е-мобилноста, што се очекува на крајот од оваа и во текот на наредната декада да се реализира“, оценува Велковски од Електромобилност Скопје.

Не е се во субвенциите

Исплатливоста и функционалноста на електричните возила сѐ уште не е нивна главна маркетиншка предност. Имено, во земји како Македонија и пошироко во регионот, претежно се користи еколошкиот аргумент, за намалување на загадувањето со издувни гасови од кои најмногу јаглеродниот диоксид, како и намалување на трошењето на фосилни горива и зависноста од нив, како и субвенциите и поволните еко-кредити.

Но, тоа што сигурно го интересира еден купувач се и аспекти како цената, трошоците за одржување, практичноста, достапноста на содветна инфраструктура за полнење и итн.

Несомнено е дека интересот во Македонија за електрични возила постојано расте, годишно се увезуваат над стотина возила на електричен погон, што го потврдуваат и статистиките на Царинската управа за последните пет години, но помал дел од нив се е-автомобили за лична употреба, а добар дел се возила за компании, комунални претпријатија, индустриски капацитети и итн.

„И покрај сите позитивни страни кои ги карактеризираат електричните возила (перформанси, солидна автономија, поевтина цена на изминати км со едно полнење, поевтино оддржување споредбено со класичните возила, помало загадување на околината ...), сепак она што ги одвлекува купувачите да набават вакво возило е сѐ уште нивната висока цена. Покрај слабата економска моќ на граѓаните, малиот интерес за електричните возила во нашата држава се темели и на непостоење на вистински политики и поддршка од централната власт за развој на електромобилноста“, дополнува Велковски.

Автомобилите со батерија и тие со хибридни системи сѐ повеќе ќе ги сретнуваме на македонските улици и патишта не само со директни парични стимулации за граѓаните при набавка на електричните возила туку и со јасни насоки за развој на електромобилноста.

„Потребна е државна стратегија во која ќе се дадат јасни насоки за побрзо и полесно интегрирање на електричните возила во општеството, преку интеграција на е-возила во регулативата на државата, индиректни стимулации за идните корисници на е-возила како бесплатни паркинзи, бесплатни патарини, поевтини трошоци при регистрација, помал ДДВ при увоз на е-возилата, привилегија за движење во централно градско подрачје каде е забрането движење на класичните возила, развој на инфраструктура од брзи полначи“, препорачува Велковски.

Х. С. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки