22 Мај, 2018
0.4753
    ALK 8079.77    -0.23%     GRNT 725.79    -2.33%     KMB 4342.88    -0.71%     MPT 30833.43    2.72%     OHB 6450    -0.75%     PKB 12500    0.01%     RMDEN16 95.5    0%     RZLV 45    2.27%     RZUS 130    4.15%     STB 1013.24    -0.91%     STBP 1108.01    0.47%     STIL 132.23    -0.56%     TKVS 3990    3.22%     TNB 13500.82    -1.58%     TPLF 1606.85    2.09%     TTK 857.29    -0.32%     UNI 2420    0%     ZILU 245    2.94%

Може ли СЈО да си се „врати“ во ЈОРМ?

Објавено во: Анализа 30 Ноември, 2017

Специјалното јавно обвинителство е хит институција во последните години кај македонските граѓани и со повеќе фактори меѓу кои видот на презентација на истрагите, јавните настапи, решителноста за расчитување на криминалот, како и непопустливоста направи да ја добијат довербата на јавноста како и да се стекнат со одреден степен на слава.

СЈО може да се оценува на различни начини, според бројот на поведени предистражни и истражни дејствија, според бројот на покренати и прифатени обвиненија, според бројот на добиени предмети и добиени осудителни судски пресуди, но тоа што е поважно успех е самото негово формирање како независна издвоена институција која има тешка задача да се справи со многу моќни политички структури и докрај да ги води правните процеси. 

Секако, постоеше незадоволство што голем број на случаи СЈО никогаш не ги надгради со формални обвиненија поднесени пред судот, туку завршија во предизстражната постапка, а повеќе немаат ни мандат за покренување нови случаи. Обвинителите на СЈО ќе имаат вкупно 5 години на располагање да го водат судските постапки за започнатите предмети од првостепена до финална судска одлука зависно колку ќе понуди правни моменти еден процес. 

Затоа деновиве се води дебата што понатаму со СЈО, дали тоа може да се „врати“ во Јавното обвинителство на Република Македонија како специјално одделение кое би функционирало на пример како одделот за организиран криминал со тоа што тимот на Катица Јанева би се борел со корупција во највисоките политички кругови.

Во пресрет се поголеми реформи во целиот правосуден систем, за што Владата и министерството за правда интезивно работа, се подготвуваат предлог законски решенија, се водат разговори во правната фела за можни решенија и системски „поправки“ кои ќе спречат на долг рок големи злоупотреби на власта, рушење на демократијата и газење на човековите права.

Курсот по кој беше трасирана работата на СЈО секако, може да биде водилка и за новите реформи во обвинителската дејност каде е потребна поголема независност, поголема автономија и конкретизирање на одговорноста за да се избегне нова политизираност и поделба на партиска основа при гонењето на криминалците. 

СЈО во секој случај ќе продолжи да работи според своите законски надлежности и веќе поведени постапки со тоа што единствено може да добие нов закон за заштита на сведоци кои тие сами ќе ги одобруваат и внесуваат во системот, наместо да чекаат согласност од ЈОРМ и советот во кој има премногу членови од различни институции со што животите на сведоците на Катица Јанева се доведени во голема опасност. 

Потоа ќе може да се реши и финалниот статус на СЈО и следните чекори во унапредување на обвинителската дејност.

Дел од овие идеи вчера беа претставени и на дебатата: Какво обвинителство и е потребно на РМ на патот кон ЕУ организирана од Здружение Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) на која присуствуваше и обвинителката Катица Јанева. 

Х.С.