МОЖНА ЕСКАЛАЦИЈА: Во Албанија ќе се упатат 2.000 грчки десничари
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2018 20:40
Oколу 2.000 грчки десничари ќе се упатат во Албанија.
Етничкиот Грк Константинос Кацифас, кого минатата недела на југот на Албанија го уби албанската полиција, ги зголеми тензиите меѓу Атина и Тирана, пишува српски Телеграф. Како што пренесува РТС, проблем може да биде неговиот погреб, посебно по најавата на 2.000 грчки десничари кои се подготвуваат да присуствуваат.
Грчките десничари сметаат дека Кацифас е ладнокрвно убиен, но албанската полиција тврди дека тој е убиен откако пукал на полициското возило, по што побегнал во блиската шума.
Семејството на убиениот Грк раскажало дека тој е убиен откако го фрлил оружјето и ги кренал рацете.
Tелото е во рацете на албанските истражни органи, но адвокатот на семејството изјавил дека телото ќе му биде предадено на семејството најдоцна утре.
Викендов на еден од стадионите во Албанија навивачите носеле транспарент со натпис „Еден Грк помалку, едно ко..ле помалку“. Тоа поттикна бран на реакции од Атина, па грчкиот пратеник во парламентот Вангелис Дулес, односите на Тирана кон етничките Грци ги опишал како „чиста омраза“.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




