Moжно ли е ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира изборите?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Избори во јуни не може да има и тоа не заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажува тоа или водење на инает, едноставно законот и роковите што се пропишани во Изборниот закон не го дозволуваат тоа и затоа напоменувам неколку пати, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За тоа дали ќе има бојкот, вели дека сите можности нормално е дека се разгледуваат, но верува дека тоа нема да се случи, дека сепак ќе се најде начин со консензус да се договори датумот на кој ќе се одржат изборите.
„Но, она што е најбитно од сè – не можеме ние да одиме на избори кога сè уште имаме вонредна состојба, имаме многу рестриктивни мерки. Од друга страна имаме ситуација кога првата вонредна состојба во март се прогласи кога имаме во просек шест заболени на ден, втората месец дека подоцна се прогласи со некаде 36-37 заболени на ден, третата се прогласува со речиси 30, значи ние немаме намалување на заразените, немаме намалување на починатите, имаме во најдобар случај континуитет на број на заболени“, вели Јанушев.
Наведе дека се очекува драстично намалување на бројот на заболените во период на август и во септември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.