22 Ноември, 2024
0.0289

Можности за примена на страни искуства во здружувањето на малите земјоделски производители

Објавено во: Колумни 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Постојните проблеми поврзани со цените во ланецот на достава на прехрамбените производи станува се поосознаено на меѓународно ниво. Од една страна откупните цени на примарните (земјоделски) производи се многу ниски. Од друга страна се констатира дека цените кои ги плаќаат потрошувачите на храна се високи. Анализите јасно покажуваат дека основниот дел од дадената вредност во ланецот – од производството до крајната реализација на производот се присвојува од трговците и преработувачите, а многу мал дел останува на земјоделците. Како основна причина за тоа се посочува уситнетост на земјоделкото производство како резултат на кое во процесот на договарање на откупната цена земјоделците се покажуваат економски послаба страна.

  Неопходноста да се подобри соработката помеѓу стопаните за да се подигне нивото на конкуретската способност истовремено и на земјоделството и на преработувачката и прехрабената индустрија, е претпоставка за појава и развој на различни форми на соработка, координација и кооперација. Обединувањето на стопанствата создава услови за завземање на посилни позиции на пазарот и подобри можности за реализација на производната продукциа, кое од своја страна води до добивање од прозводителите на примарни земјоделски производи на поголем дел од дадената вредност на крајниот производ. Друга корист се можностите за планирање и намалување на трошоците за производството и примена на земјоделски практики кои ја заштитуваат животната средина. Како последица на соработка се зголемуваат и можностите проучување и воведување на одржливи производни практики и иновации.

 

  Истражувањето од различни професионални правци и подрачја (реони) во светот го фокусираат своето внимание врз значењето  и функциите на мрежни структури ( Матполус  2005, Гелиниск 2010), како и на стимулирање на иновациите во агробизнисот и на различни практики на соработка помеѓу одделни производители.

  Мрежата на соработка со право се разгледува од некои автори (Асанс 2015) како  стратешки предизвик од една страна, зошто земјоделските производители решаваат да се соберат заедно за да ја подобрат ниската конкурентска способност, а од друга страна, бидејќи економската  кокурентност ги принудува да бидат сојузници со цел за опстанок на земјоделското стопанство. Според некои автори, мрежите се перцепираат и прифаќаат како силно развиена форма на соработка. Мрежната структура преставува предизвик за заеднички развој, кој се состои во споделување  на искуства, иновации, контрола на интензивноста на конкуренцијата или за добивање на пристап до ресурси каои не се внатрешна сопственост.

  Осознаената потреба од обединување на различни мрежни структури за соработка  довела до формирање на повеќе функционални кластери, организации на производители и неформална мрежа. Поради нивната голема разнообразност во моментот не постои статистика за нивниот број, но мрежните структури имаат забележливо присуство и значење во економиите на различни земји и региони.

  Добри практики за соработка и кооперирање. Во  светот постојат разновидни форми на здружувања на земјоделски производители. Некои настанале благодарение на регионалната меѓусебна близина, а други вклучуваат економски опстанок, кои учествувале во движењето на произовдот од производителот до крајниот потрошувач. Добар пример за регионално поникната соработка помеѓу земјоделските стопанства е агроиндустриски кластер  Алмерија од1980 година. Тој настанал  за да се создадат нови можности на неколку илјади семејни  градинарски (земјоделски) стопанства кои одгледуваат зеленчук во полиетиленски оранжерии за да добијат пристап до меѓународниот пазар.

Природните услови на Алмерија се уникатни во Европски контекс за интензивно производство на зеленчук. Особена предност со климатските услови има за производство на зеленчук надвор од трациционалната  сезона кои даваат на производителите во таа област релативна предност. Осумдесетите години приоритетна насока им била подобрување на сортната структура и проиводителен процес насочен кон посакувани за пазар видови и  сорти зеленчук, создавање и реализација на успешна маркетинг стратегија. Деведесетите години по продажен голем раст на производството започнало создавање на дистрибутивни центри во провинцијата, како и создавање на автономни фирми во различни сектори. Приемот на  Шпанија во Европскиот сојуз, можностите за финансирање на земјоделското производство и маркетинг на производи стануваат мотив за создавање на кооперативни и форми на здружување на втората и следните развојни нивоа.

  Кластерот обединува различни структури кои даваат услуги на земјоделските стопанства за: сортирање, чување, преработка и трговија, транспорт ИТ услуги, агроекономска консултација, финансиска поддршка, како и снабдување со агрохемиски средства, семиња, техника и др. Ширењето  и зголемувањето на разнообразни дејности и улсуги води до формирање на сложената мрежа на економски взаемни односи кои ја определуваат сегашната состојба во Алмерија. Динамиката на развој придонела денес кластерот да има 13.500 фармери, 70 кооперативи, обртот изнесува 2 милијарди евра, вработени се 40 илјади луѓе, а стопанисуваат со 30.000 ха површина за земјоделско производство. Управувачката структура на кластерот соодвествува на кооперативноста. Како колективен орган бордот на директори е анлоген на Општото собрание, а кај индивидуалните – директори и менаџери по одделни делови.

  Друг пример за здружување во кластерот: “Долина на еколошка храна” основана во 2010 година во град Љублин во Полска. Овој кластер обединува претпријатија кои произведуваат органиски прехрамбени производи, добавувачи како и инструкции и организации за поддршка на развојот на селските реони. Во него се вклучени 18 учесници – производители на храна регионални произовди, органиски фармски преработувачки претпријатија како и научен институт за почва и за растително производство.

  Една од дејностите на кластерот е создавање на екобазар, на кој секоја сабота локалните  производители на органска храна ги претставуваат своите производи. Тоа создава можност за постојано пазарно присуство  во Љублин, како и охрабрување на работата во мрежата и соработката.

  Овие и многу други слични мрежи на разнообразно примарно  производство, преработка, маркетинг услуги и др. можат да послужат како пример за запознавање со нив од страна на нашите здруженија на земјоделците и некои институции преку посета  и покана на членови од оваа и слични кластери за да помогнат во “убедувањето” и “обучувањето” на наши производители. Зашто во Струмичкиот, Полошкиот, Битолскиот и други реони не можат да се формираат  слични мрежи, помали но амбициозни да растат и да се развиваат зашто туѓите примери покажуваат дека ваквите мрежи се високо рентабилни и на производителите им овозможува сигурен пласман на конкурентско производство.

  Извори: Ferraro Garsija, 2008. El distrito agroindustrial de Almeria: un caso atipico. Mediterraneo economico.   


Проф. Б.Анакиев Проф. Ромина Кабранова



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.