18 Декември, 2025
0.2395

МПЦ-ОА го проширува бизнис портфолиото со фотонапонска централа

Објавено во: Економија 16 Мај, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Македонската православна црква - Охридска Архиепископија го проширува бизнис планот со електрична енергија, откако како содружник ја основа „Тринити Солар“, фирма која ќе треба во иднина да поседува фотонапонска централа.

Бизнисот е основан минатата недела, а соларните панели, според замислата, треба да се инсталираат во долината на охридското село Долно Лакочереј. Вториот сопственик е извесен Ангеле Јаневски од скопски Центар, додека управител е Никола Христоски, име кое алудира на секретарот на Дебарско кичевската епархија.

Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, кој наедно е портпарол на МПЦ-ОА, ја потврди информацијата за „Фактор“, но вели дека планот се уште не е влезен во сериозна фаза. Моќноста и површината на централата ќе зависат од расположливата сума која ќе може да се издвои.

- Не е забрането, ниту е чудно тоа што МПЦ-ОА сака да инвестира. А во проектот има и други партнери. За тоа колкаво ќе биде производството на електрична енергија, зависи од тоа колкави средства ќе можеме да издвоиме, вели Тимотеј.

Пред година и пол МПЦ се вклучи во бизнисот со струја со план за изградба на мала хидроцентрала во кој покрај МПЦ се вклучени уште четири други партнери.

Станува збор за ХЕЦ Драгов Дол на реката Треска. Владата претходно одобри трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изградба на централа на вкупна површина од 651 квадратни метри.

МПЦ – ОА низ годините носеше повеќе бизнис одлуки, вклучувајќи ја и онаа за изградбата на станбено-деловниот објект планиран да се гради во центарот на Скопје спроти хотелот „Холидеј ин“ како содружник во фирмата „Обновители“.

Основањето на „Тринити Солар“ доаѓа во период кога Соборот на СПЦ ја разгледува одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономна Охридска архиепископија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа