„Мртов“ вулкан во Етиопија избувна одеднаш – прва ерупција во современата историја
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2025 09:32
По повеќе од десет милениуми мирување, вулканот Хаиле Губи во североисточна Етиопија се разбуди во спектакуларна, но опасна ерупција која испрати облак од пепел до 15 километри височина, соопшти порталот Volcano Discovery.
Ерупцијата започнала во саботата попладне во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил, една од најтешко пристапните и најжешките области на планетата. Вулканот Хаиле Губи, кој се наоѓа околу 15 километри југоисточно од континуирано активниот Ерта Але, избувнал ненадејно, исфрлајќи огромни количини пепел и гасови кои се прошириле кон југозападниот дел на Арапскиот Полуостров.
Сателитските податоци потврдиле дека ерупцијата ослободила големи количини сулфур диоксид (SO₂), а пепелниот столб бил видлив на стотици километри.
Етиопската државна телевизија FMC потврдила вулканска активност во регионот, додека очевидци пренеле дека експлозијата се слушала на големо растојание и била „најсилната што ја паметат локалните жители“.
Иако ерупцијата изгледала драматично, засега нема информации за човечки жртви или материјални штети, бидејќи областа околу вулканот е речиси ненаселена. Поради непристапниот терен, научниците засега се потпираат на сателитски набљудувања, а првичните податоци укажуваат дека ова е прва документирана ерупција на Хаиле Губи во современата историја.
Експертите потсетуваат дека регионот Ерта Але се смета за еден од геолошки најактивните во светот – дел од Големиот Африкански расед, каде што континентот постепено се разделува и создава нов океански басен. Токму таму, се наоѓа и легендарниот „портал кон пеколот“ – езерото од лава на вулканот Ерта Але, кој е активен речиси постојано.
Според геолозите, активирањето на Хаиле Губи е редок природен феномен, кој може да отвори нова страница во проучувањето на етиопските вулкански полиња – област што научниците ја нарекуваат „жива лабораторија на Земјата“.
An explosive #eruption of Hayli Gubbi #volcano, located SE of Erta'Ale in the Afar Rift (Ethiopia), began at ~08:30 UTC on Nov 23. Eruption onset was fortuitously captured by a @planet.com overpass at 08:31 UTC. Hayli Gubbi has no record of Holocene eruptions. Toulouse VAAC reporting ash to ~15 km.
— Prof. Simon Carn (@simoncarn.bsky.social) November 23, 2025 at 6:23 PM
[image or embed]
Можеби ќе ве интересира
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму




