„Мртва природа со овошје“ на Машков продадена за 7,25 милиони долари
Објавено во: Стил
04 Јуни, 2013 22:30
Добивај вести на Viber
Сликата "Мртва природа со овошје" на рускиот уметник Илја Машков беше продадена за 4,76 милиони фунти или 7,25 милиони долари на аукција на Christie's во Лондон , објави РИА Новости.
Цената е рекордна за делото на рускиот уметник Илја Машков кој живеел и творел од 1881 до 1944 година. Сликата била претставена во првата изложба на московското движење на уметницитте во 1910 година,
а воедно и на меѓународниот пазар. Прелиминарната цена на делото се движела меѓу 1,55 милиони и 2,3 милиони долари.
Новиот сопственик на делото побарал да остане анонимен, а наддавал по телефон. Кога износот пораснал до 4,7 милиони фунти, во салата избувнувнал аплауз, пишува РИА Новости.
Според Елена Курбацкаја од Christie's "Мртва природа со овошје" е "еден од најзначајните примери на рускиот нео-примитивизам".
Во последно време нагло скокаат цените на руските уметници, а се претпоставува дека е во директна зависност од постојаното зголемување на богатството на русите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: