19 Декември, 2025
0.1450

МТЕЛ ПРЕГОВАРА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЛАЈКАМОБАЈЛ - фирмата ќерка на српски Телеком сака да го шири деловното работење на македонскиот пазар

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024 08:15

Добивај вести на Viber

Повторно интерес за сопственички промени во светот на телекомуникациските оператори.

Телекомуникацискиот оператор „Мтел“ кој работи во Македонија, а е во сопственост на српски Телеком, односно е членка на Телеком Србија групацијата, сака да го купи телекомуникацискиот оператор Лајка.

Во тек се преговори за аквизиција на таа компанија.

Инаку, вакво известување стигнало до Комисијата за заштита на конкуренцијата, која неодамна ваквите намери ги објави на својата веб страница.

Оттаму пишуваат дека на крајот на минатиот месец до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Друштвото за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, ќе стекне поединечна контрола над Друштвото за телекомуникации Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје.

Од самата комисија навеле дека МТЕЛ е нотифициран телекомуникациски оператор од страна на Агецијата за електронски комуникации во земјава, регистрирано за дејност жичени телекомуникации, односно за давање сателитски услуги и реемитирање телевизиски програми и сервиси. Друштвото за телекомуникации Лајкамобајл, пак, е нотифициран телекомуникациски оператор од страна на АЕК, кое работи на пазарот за обезбедување на мобилни електронски комуникациски услуги.

Од КЗК нагласуваат дека МТЕЛ нема поврзани правни лица на територија на земјава, како и дека истото важи и за Лајкамобајл.

„Подносителот на известувањето смета дека како релевантни пазар за оценка на предметната концентрација би можел да се дефинира малопродажен пазар за давање услуги на мобилна телефонија на територијата на Република Северна Македонија. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, се вели во објавата од Комисијата.

Фактор за ова побара став и во МТЕЛ, од каде потврдија дека течат преговори со Лајкамобајл за нивно купување.

„Согласно нашата деловна определба да обезбедиме подобри услуги за нашите корисници и нашата политика и стратегија за ширење на деловното работење, во оваа фаза можеме да потврдиме дека течат преговори за нова аквизиција на МТЕЛ на македонскиот пазар. Но, како што е пракса при ваквите стратешки инвестиции и согласно законските норми, за комплетирање на целата постапка на преземање неопходно е да се изјаснат и надлежните регулаторни институции во државата. Во интерес на успешно завршување на оваа аквизиција би сакале да ги почекаме нивните конечни одлуки, по што би можеле изнесеме повеќе информации во јавноста и медиумите“, се вели во одговорот кој Фактор го доби од МТЕЛ.

Инаку, како што пишуваше Фактор на крајот на јануари годинава, МТЕЛ тогаш сеуште беше во преговори и за купување на Неотел, а тоа тогаш го потврдија и од самата компанија. Тогаш за Фактор од МТЕЛ потенцираа дека преговорите со Неотел не само што не се пропаднати, туку се уште течат, при што од српската телекомуникациска компанија очекуваат дека тие ќе завршат успешно.  

„Преговорите кои ги водиме со компанијата ‘Неотел’ не се пропаднати. Во рамки на нашата стратегија за понатамошно ширење во Северна Македонија, очекуваме дека преговорите со Неотел ќе бидат завршени успешно. Во моментот кога ќе имаме конкретни резултати од овие преговори благовремено ќе ја известиме јавноста“, изјавија во својот одговор до Фактор од компанијата МТЕЛ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите