13 Декември, 2025
0.0322

МУ БИЛА ПРЕПИШАНА ТЕРАПИЈА: Убиецот од Цетиње бил асоцијален

Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2025 21:19

Добивај вести на Viber

Убиецот од Цетиње бил асоцијален, му била препишана терапија, a имал специфично однесување со блиските луѓе. 

Вршителот на должноста директор на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, кој уби 12 луѓе во Цетиње, го извршил масакрот за 30 минути на пет локации. Toj е евидентиран како сторител на кривични дела, а пред две години му била препишана терапија.

„Нелегално поседувал огнено оружје, поради што во 2022 година биле претресени просториите што ги користи. Потоа беше осуден на три месеци затвор, но пресудата не стана правосилна, а жалбената постапка се водела во Вишиот суд во Подгорица. Полицајците го препознале асоцијалното однесување на Мартиновиќ, поведено е болничко лекување, на лицето му е препишана соодветна терапија, но не бил упатен во специјализирана установа“, изјави Шќепановиќ.

Шќепановиќ додаде дека при претресот на Мартиновиќ во ноември 2022 година, службениците на УП препознале асоцијално однесување и го предале во Министерството за здравство, но дека тој не бил хоспитализиран.

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека злосторството што се случи во Цетиње е настан кој на застрашувачки начин, уште еднаш потврдува дека црногорското општество е во услови на длабока криза и безбедноста на секој граѓанин, секое дете е загрозено.

Ѓукановиќ во објава на својот профил на социјалната мрежа Икс наведува дека „додека челниците на МВР и на полициската управа одржувале несмасни прес-конференции, убиецот практично им бил зад грб и ја продолжувал својата крвава кампања“.

Меѓу жртвите има и деца. Жителите на Цетиње палеа свеќи за настраданите. 

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС