24 Април, 2024
0.0295

МУ РЕКОЛ ДЕКА Е НА ЧАСОВИ, А ОТИШОЛ ДА СЛАВИ СО МАТУРАНТИТЕ - еве зошто 34 годишниот татко брутално го тепал својот син

Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Цела Србија се крена на нозе откако таткото дивјачки го претепа својот син, затоа што го излажал дека е на час, а всушност се пртидружил на прослава на матурантите. 

Б.Л. (34) од место во нишкиот округ, вчера околу 12.30 часот, буквално го шутираше неговиот син во училишниот двор на основното училиште, затоа што неговиот син го излажал!

Како што неофицијално дознава Курир.рс, момчето се слушнало со неговиот татко непосредно пред инцидентот, и рекло дека има часови.

„Го излажал дека има информатика и презентација. Сепак, некој му рекол на таткото дека неговиот син е со матурантите, па затоа отишол во дворот на училиштето каде што се се одвивало. Кога го видел неговиот син како држи факел, му паднал мрајк на очите и почнал да го тепа и буквално да го шутира“, рекол вели извор за Курир.рс.

Таткото беше сослушан во Основното јавно обвинителство во Ниш, а на судот му беше даден предлог да му одреди мерка притвор до 30 дена.

„Осомничениот ја презентираше својата одбрана, тој не се бранеше со молчење и заменик-обвинителот за спречување на семејно насилство даде предлог да се одреди притвор, за да не се влијае врз сведоците“, изјави за Курир.рс Александра Вујишиќ од Основното јавно обвинителство во Ниш .

Жителите на оваа област се во шок по скандалот за кој зборуваше Србија со денови.

„Тој човек е спортист, а и неговиот син е спортист, и не можеме да сфатиме зошто го стори тоа. Во медиумите пишува дека тој бил пијан, што не е точно. Тој воопшто не пие алкохол. Можеби реагирал затоа што неговиот син држел факел, но тоа не е решение да се воспитува дете во такви ситуации. Сите овде сме навистина зачудени“, изјавил еден од соседите. 

Центарот за социјална работа од тоа место за Курир.рс потврдил дека тие никогаш немале пријава за семејно насилство од куќата на осомничениот.

Адвокатката Јована Ралевиќ изјавила дека многу фактори можат да влијаат на исходот на случајот.

„Ако е точна изјавата што може да се најде во медиумите, дека напаѓачот е татко на детето, тогаш тоа би било кривично дело семејно насилство и во врска со малолетно дете, за кое кривично дело се казнува со 2 до 10 години затвор“, рекла таа.

Директорот на училиштето во кое ученикот учи, изјавил дека момчето веќе во вторникот било на настава. 

„Разговарав со него, тој се чувствува добро и рече дека е добро. Во наредниот период, психолог и педагог ќе разговараат со него, за да се надмине траумата што е можно полесно“, рече директорот на училиштето.

Инаку, најавена е едукативна инспекција, која ќе види дали е направено се според протоколот од страна на училиштето, а екипата за заштита од насилство веќе два дена седи во училиштето, по инцидентот.

Психологот Бранка Тигма вели: „На децата на таа возраст им е тешко со физичко и ментално малтретирање и многу е важно како другите ќе реагираат. Важно е детето да се чувствува заштитено од околината, од семејството, пријателите и училиштето, да реагира правилно. Како што можам да забележам, споменатото училиште ги презеде сите мерки и превентивни активности со претепаното момче, и со децата кои го гледаа насилството. Тоа е многу важно за сите тие деца“, рекла таа.

Извор и фото: Курир.рс

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“