19 Декември, 2025
0.0567

МУ СЕ МОЖЕ: Путин го напуштил самитот на Г20!

Објавено во: Свет 16 Ноември, 2014 10:04

Добивај вести на Viber

Претседателот на Русија Владимир Путин одлетал рано утрово од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот Г20 на кој бил изложен на остра критка на Западот поради Украина, наведувајќи дека отишол порано од планираното затоа што му било потребно да се наспие.

Рускиот лидер отпатувал за Русија пред објавувањето на завршното соопштение од самитотна 20 најголеми светски економии, но присуствувал на заедничкиот ручел и ги пофалил „конструктивните разговори“, пренесува агенцијата АФП.

Претходно еден руски претставник изјавил дека Путин планира да го прескокне работниот дел од самитот и порано да го напушти Бризбејн, откако се најде под притисок на Украина, но тоа подоцна го демантирал од Кремљ.

Путин на коферценцијата за медиуми, после која седнал на авионот за Русија, му се заблагодарил на австралискиот премиер Тони Абот за гостопримството, иако тој претходно се закануваше дека ќе се соочи со Путин по прашањето на соборувањето на малезискиот авион над источна Украина во јули, за кој западот ги обвинува прорускит сили.

Рускиот претседател во изјава за агенцијата РИА Новости рекол дека одлуката прв да го напушти Бризбејн нема врска со тензиите на самитот околу Украина, туку со тоа што сакал да се наспие за да биде подготвен за следниот работен ден во Москва, кој е преполн со настани.

„Од Бризбејн до Владивосток имаме девет часа лет, а потоа уште толку исто од Владивосток до Москва“, истакнал тој, додавајќи: Тогаш ми следи враќање на работа во понделник. Морам да отспијам најмалку четири до пет часа.

Путин на конференцијата на медиуми во Бризбејн ја пофалил „конструктивната атмосфера“ на самитот и рекол како „постои добра шанса за разрешување“ на украинската криза, и покрак тоа што бил изложен на голем притисок од лидерите на Западот

„Некои од нашите ставови не се поклопуваат, но разговорите беа сеопфатни, конструктивни и многу помогнаа“, истакнал рускиот претседател.

Тој додал дека главни теми на билатералните разговори биле кризата во Украина и санкциите кои Западот и ги воведе на Москва.

„Постои добра шанса за разрешување на конфликтот“, рекол Путин предупредувајќи истовремено дека „Санкциите им штетат на сите, тоа е нешто што сите го сфаќаат“.

Рускиот лидер исто така ја критикувал одлуката на официјален Киев да воведе економска блокада на истокот на земјата, кој е под контрола на проруските сили.

„Мислам дека тоа е голема грешка бидејќи со тоа тие ја испуштаат контролата над тие подрачја“, рекол Путин и додал дека за тоа ќе разговара со украинскиот колега Петро Порошенко.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја