19 Мај, 2024
0.0321

МУ УДРИЈА ШЛАКАНИЦА НА ТРАМП: Toj со еден твит ја урна цената на нафтата

Објавено во: Економија 24 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Поголемо производство на нафта во светот на дневна основа засега нема да има. 

Вака одлучија земјите кои се членки на ОПЕК. 

Саудиска Арабија вчера одби да го зголеми производството на нафта и покрај повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп да го сторат тоа. 

Саудијците ги имаат Русите за сојузници иако се надвор од картелот. 

Министерот за енергетика, Калид ал-Фатих рече дека не влијае на цените на маргините од собирот на министрите на членките на ОПЕК и другите произведувачи на нафта во Алжир.  Ал-Фатих изјави дека Саудиска Арабија има капацитети да го зајакне прозиводството на нафта, но засега тоа не е потребно. Според него, нема рафинерија која сега во светот бара нафта, но нема. 

Месецов цените на барелот сурова нафта достигнаа 80 долари, поради штоТрамп во четвртокот го повтори своето барање ОПЕК да ги намали цените. Растот на цените главно е поради падот на извозот од Иран, а тоа е резултат на новите американски санкции кон оваа земја откако САД истапија од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран од 2015 година.

И рускиот министер за енергетика, Александр Новак има сличен став. Тој смета дека нема потреба од зголемување на производството на нафта во светот. Според него, трговската војна меѓу Кина и САД, како и американските санкции против Иран, претставуваат нов предизвик за нафтениот пазар.

Трамп тврди дека ги штитат државите од Блискиот Исток, а тие ја креваат цената на нафтата иако без нив не би биле сигурни. 

„Ќе запаметиме! Монополот на OПЕК мора да ги спушти цените на нафтата сега“-  напиша Трамп на Твитер. 

По оваа негова закана, цената на американската нафта ,,lake” (WTI) падна на 0,2 отсто. Цената на оваа нафта во средата беше над 70 долари за барел, а претходниот месец поскапе за осум проценти.

OПЕК и други држави кои се надвор од организацијата  се договорија кон крајот на 2016 година во Виена за намалување на производството на нафтата за 1,8 милиони барели дневно од нивото на октомври 2016 година, од кои 300.000 отпаѓаат на Русија. Договорот започна да се реализира од почетокот на 2017 година и беше продолжен до крајот на оваа 2018-та. Во јуни земјите од OПЕК и групата земји надвор од организацијата кои договорија заедничка стратегија се согласија да се излезе од строгото спроведување на условите од законот, коишто тогаш изнесуваа 47 отсто. 

Аналитичарите велат дека можното зголемување на цените на нафтата за американските потрошувачи би можело да создадат политички проблеми за владејачките републиканци од чиишто редови е Трамп, во пресрет на изборите за Конгресот на половината од мандатот кои се одржуваат во ноември.

Претходно, санкциите на САД ги обесхрабрија големите купувачи да купуваат иранска нафта, со што практично е намалена расположливата количина во понудата. Изолацијата на третиот произведувач на нафта во ОПЕК може да резултира со скок на цената на нафтата на 90 долари за барел, сметаат од инвестиционата банка „JPMorgan Chase&Co“. 

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија