Мудис: Данокот врз депозитите во кипарските банки ќе влијае и на други земји
Објавено во: Свет 18 Март, 2013 13:50
Тешки последици ќе има од планираниот данок врз депозитите во кипарските банки, не само за клиентите на локалните финансиски институции, предупреди денеска меѓународната рејтинг агенција „Мудис“.
Ова решение ќе има негативно влијание и врз кредиторите на банки од останатите европски земји, бидејќи одлуката на Евроргупата го зголемува ризикот од истекување на капиталот и од други европски земји во криза, истакнува „Мудис“.
Според рејтинг агенцијата влијанието врз пазарот на хартии од вреднот ќе биде значително ограничен. Опасноста од реструктурирање на кипарскиот долг, слично на тоа во Грција, каде сопствениците на обврзници беа принудени да се откажат од голем дел од нивната вредност, е избегнат.
Јерг Асмусен, кој е член на Извршниот совет на Европската централна банка, ја поддржа одлуката.
Според Асмусен ситуацијата во Кипар е уникатна. - Никозија би можела да го промени учеството на штедачите, но сепак ќе треба да ја обезбеди сумата од 5,8 милијарди евра. Банкарскиот сектор во Кипар има специфична структура, нагласи Асмусен.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




