Добивај вести на Viber
1. Светот се менува многу брзо. Големите нема да ги победат малите, туку брзите ќе триумфираат над бавните. –
Руперт Мурдок, медиумски магнат
2. Вработувам луѓе попаметни од мене и им се тргам од патот. –
Ли Јакока, американски бизнисмен
3. Запомнете, правата одлука се мери со фактот дека веќе сте презеле нов подвиг. Ако нема нов подвиг вие не сте ја донеле вистинската одлука. –
Ентони Робинс, американски автор
4. Најдобрите лидери секогаш вложуваат многу во јакнење на самодовербата на своите вработени. Кога луѓето веруваат во себе неверојатно е што се можат да постигнат. –
Сем Валтон, основач на Волмарт
5. Ние немаме монопол. Ние имаме удел на пазарот. Тоа се различни работи. –
Стив Балмер, извршен директор на Мајкрософт
6. Ако работиш само за пари, никогаш нема да успееш. Но ако го сакаш тоа што го работиш и ако секогаш ги ставаш клиентите на прво место, успехот е твој. –
Реј Крок, еден од основачите на Мек Доналдс.
7. Директорите не смеат да си дозволат несовесни вработени на важни работни места, тоа им го должат на вредните работници и компанијата во која тие работат. –
Питер Дракер, консулатант по менаџмент.
8. Треба огромна диспиплина за да изградиш компанија врз основа на оригинални идеи и да ја задржиш таа традиција на иновативност со години. –
Стив Џобс, основач на Епл.
9. Ништо не е нелегално ако сто бизнисмени решат да го направат. –
Ендру Јанг, американски политичар, дипломат и активист.
10. Добриот лидер ги учи просечните луѓе да работат како генијалци. –
Џон Д. Рокфелер, познат американски бизнисмен, основач на Стандард Оил Компани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: