20 Декември, 2025
0.0649

Мухамед Зеќири останува во притвор

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 17:12

Добивај вести на Viber

Eкс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”. 

Кривичниот совет денеска го потврди решението на судијата на претходна постапка.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна постапка со измени во основите кои постојат за  определување на мерката притвор“, велат од Кривичниот суд.

Обвинителството во петокот соопшти дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна штета на буџетот од скоро милион евра. Истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги, кој се однесувал на приватизација на Македонски Пошти.

Зеќири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата, и заедно со адвокатот се појави во судот.  Нему судот му одреди притвор во траење од 30 дена. 

Обвинителката Вилма Рускоска за предметот за истрагата за проневера која е покрената против Зеќири, изјави дека не е политичка пресметка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки