23 Ноември, 2024
0.2238

Мукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од турбофолк ѕвездите

Објавено во: Спорт 05 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување на „Топ тема“ во Телма, на прашање за релативно високите цени на билетите за натпреварите од ЕП, рече дека нашите ракометарки вредат повеќе да бидат посетени во споредба со турбофолк ѕвездите кои гостуваат кај нас.

– За цената на билетите на ЕП одлучува ЕХФ. Нивната првична идеја беше да изнесува 35 евра. Ние максимум што можевме да излобираме да биде 15 евра иако сме свесни дека и ова ќе биде голем предизвик за да се наполни салата. Не сме поборници за скапи карти, едноставно ова беше принудно решение наметнато од ЕХФ. Од друга страна треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари. Мислам дека девојчињата кои играат за македонската репрезентација заслужуваат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди да бидат пропратени од публиката. Затоа ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на нашите ракометарки. Сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме зад ракометарките, истакна меѓу другото Мукаетов во емисијата „Топ тема“.

Македонската ракометна репрезентација денес ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочат Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, Македонките најавија борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.