06 Мај, 2024
0.0238

Мурињо најплатен тренер во светот

Објавено во: Стил 19 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Предводникот на  Реал Мадрид, португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо во 2012 година заработил преку 14 милиони евра што го прави најдобро платен фудбалски тренер во светот. Според „Франс Фудбал, втор на ранг листата на најплатени тренери е Карло Анчелоти од ПСЖ кој заработил околу 12 милиони евра, а на третото место се најде Марчело Липи кој минатата година во Гуангжоу  заработил 11 милиони евра. За вредноста на италијанските фудбалски стручњаци показател е и табелата од четвртото до 10.место каде се наоѓаат уште двајца Италијани: 4. Гус Хидинк (10.8 милиони евра) - Холандија, 5. Кени Далглиш (10) - Шкотска, 6. Арсен Венгер (9.4) - Франција, 7. Фабио Капело (9.2) - Италија, 8. Роберто Манчини (6.1) - Италија, 9. Алекс Фергусон (6.1) - Шкотска, 10. Антонио Камачо (6.1) - Шпанија.