23 Ноември, 2024
0.0202

Мурињо е полош и од Ван Гал

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Жозе Мурињо има причини да биде загрижен, бидејќи неговиот Манчестер Јунајтед не може да го најде ритамот во Премиер лигата. По првите седум натпревари „црвените ѓаволи“ имаат освоено 13 поени, а во истиот тој период, Луис ван Гал имаше освоено 16 поени.

Откако потроши 150 милиони фунти за летна селекција и привлече играчи како Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Миктаријан, Мурињо сигурно очекувал поубедлив почеток. По ремито дома со Стоук вчера Јунајтед се најде на шестата позиција.

Тимот има четири победи, едно реми и два порази. Минатата сезона Ван Гал го изведе тимот до пет победи во првите седум натпревари. Мурињо има предност во однос на постигнатите голови, кои сега се 13, а минатата година во тоа време беа 12. Одбраната сепак примила осум погодоци во споредба со минатогодишните 5. Сегашниот тим допушта просек над 1 гол по натпревар, што дефинитивно треба да го загрижува Жозе.

Работите изгледаа добро во самиот почеток. Португалецот и неговиот тим почнаа со три последователни победи - над Борнемут, Саутемптон и Хул. По паузата за националните тимови сепак Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити, а потоа загуби и на гостувањето кај Ватфорд, што беше трет последователен пораз во сите натпреварувања, откако доживеа пораз и од Феенорд во Лига Европа.

Следуваше позитивна серија и победи над Нортемптон во Лига Купот, убедлив успех со 4:1 против шампионот Лестер и 1:0 против Зорја во Лига Европа. Ремитоа против Стоук сепак стави крај на новиот елан и навивачите на Јунајтед имаат причини да се загрижени. По натпреварите на националните тимови претстои дерби против Ливерпул на „Енфилд“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.